Пронајдени остатоци од малезискиот авион МХ 370?!

Во близина на островот Реинион, во Индискиот Океан пронајдени се остатоци од авион за кој се верува дека е леталото на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна во март 2014 година, јави CNN.Островот Реинион се наоѓа околу 800 километри од Мадагаскар.
Припадникот на француското воздухопловство, Кристијан Ретоуран, изјави за CNN дека во тек се испитувања кои евентуално ќе потврдат дека станува збор за малезискиот МХ 370, кој исчезна пред 18 месеци.
„Сѐ уште е рано да кажеме дали е МХ 370. Деловите од авионот ги пронајдовме утрово, кај брегот на Сент Андре“ – изјави Ретоуран. Според неговите зборови, остатоците се извлечени на островот.
Авионот МХ 370 исчезна на 8 март 2014 година, по полетувањето од Куала Лумпур во Малезија, а во него имаше 227 патници и 12 члена на екипажот.Островот Реинион се наоѓа околу 800 километри од Мадагаскар.
Припадникот на француското воздухопловство, Кристијан Ретоуран, изјави за CNN

Пронајдете не на следниве мрежи: