Пронајдени отпечатоци од дланки кои се стари 8.000 години и кои не се човечки!

Истражувачите дојдоа до заклучок дека мистериозни отпечатоци од дланки кои се пронајдени во пустина близу југозападната граница на Египет со Либија во 2002 година, не им припаѓаат на луѓе.Отпечатоците се пронајдени во пештерата Вади Сура 2, попозната како „Пештера на ѕверот“, во која има околу 5.000 насликани или врежани слики пред повеќе од 8.000 години.
Најново истражување покажува дека отпечатоците од дланките се премногу мали и дека имаат истакнато долги прсти за да бидат човечки.
Според нова теорија, можно е древните ловци да направиле отпечатоци со помош на гуштери, иако не е најјасно зошто го направиле тоа.
Многумина не се сложуваат со новата теорија, укажувајќи на тоа дека вистината е помистериозна отколку што сакаме да поверуваме.
Истражувачите прво помислиле дека необичните отпечатоци во камен им припаѓале на бебиња, но најново истражување покажало дека отпечатоците навистина им припаѓале на гуштери.
Антропологот Емануел Оноре од Институтот за археолошки истражувања „Мекдоналд“, изјавила дека се изненадила кога видела облик на малечки отпечатоци кои на прв поглед изгледаат како дланки од бебе.
За да сфати на кого или што му припаѓаат отпечатоците, Оноре направила споредба на отпечатоците од дланките од пештерата со отпечатоците од дланките на новородените бебиња, вклучувајќи ги бебињата родени пред време. Резултатите јасно покажале дека отпечатоците од пештерата не се совпаѓаат со ниту еден човечки отпечаток, а Оноре заклучила дека постои „екстремно мала можност“ дека отпечатоците од пештерата им припаѓаат на луѓе.
Сепак, и понатаму никој не даде објаснување зошто луѓето пред 8.000 години би оставале траги од нозе на гуштери на ѕидови од пештера.
Многу истражувачи верувааат дека таквата теорија нема смисла.
Оноре изјавила: „За нас истражувањето е тешко за да ги толкуваме тие слики, бидејќи станува збор за култура која е сосема поинаква од нашата.“
Отпечатоците се пронајдени во пештерата Вади Сура 2, попозната како „Пештера на ѕверот“, во која има околу 5.000 насликани или врежани

Пронајдете не на следниве мрежи: