Државниот инспекторат за земјоделство и службени лица на МВР СВР ПС Кочани по добиена дојава изврши надзор кај физичко лице во Кочани, при што беа затекнати и одземени производи за заштита на растенијата (хербициди) во количина од 1*16 литри = 16 литри (Trend 20 EC+ Keyich) и 9*60 гр= 540 грама (Crax), со турска декларација.Нелегално поседување (чување) на забранети производи за заштита на растенијата (опасни материи), кои се пласира на пазарот и употребуваат, како и нивни активни супстанции кои се вклучени во производот и не се одобрени на територијата на Република Македонија е спротивно на Законот за производи за заштита на растенијата и спротивно на член 232 Кривичниот законик – неовластено производство, постапување (ракува, користи, одржува, чува, пакува, препакува, употребува) и промет со опасни материи (спротивно на прописите превезува, увезува, извезува) или други опасни материи или нивни отпадоци, опасни за животот или здравјето на луѓето или за животинскиот или растителниот свет.
Државниот инспекторат за земјоделство ќе поведе кривична постапка против физичкото лице В.К., пред надлежните органи поради повреда на одредбите на Законот за производи за заштита на растенијат и Кривичниот законик.Нелегално поседување (чување) на забранети производи за заштита на растенијата (опасни материи), кои се пласира на пазарот и употребуваат, како и н