Пронајдени нови остатоци од телата на патниците во авионот МХ17 кој се урна во Украина

Истражувачките тимови пронајдоа нови остатоци од телата на жртвите од авионот на Малезија Ерлајнс, кој се урна на истокот од Украина за време на минатогодишниот лет МХ17, јави „Агенција Анадолија“.Холандското Министерство за безбедност и правда, денеска соопшти дека остатоците од телата на жртвите ќе бидат однесени на аеродромот во Ајденховен, каде што ќе ги дочекаат високи претставници на земјата, а потоа ќе бидат префрлени во воената база Ван Удхозден во Хилверсум, каде што се наоѓаат претходно пронајдените посмртни остатоци на жртвите од трагичната несреќа.
Патничкиот авион на Малезија Ерлајнс падна во непосредна близина на украинско-руската граница за време на летот МХ17, кој летал на релација Амстердам – Куала Лумпур. Во несреќата загинале сите 238 патници и 15 членови на екипажот. Меѓу загинатите се наоѓале 196 државјани на Холандија. Досега се идентифицирани 296, од вкупни 298-те тела на жртвите.
Холандската служба за безбедност соопшти дека падот на авионот најверојатно бил предизвикан од удар на странско тело во авионот, а дека нема никакви назнаки за грешка на пилотот. Украинските власти за уривањето ги обвинија проруските сили кои го контролираат подрачјето над кое се урна авионот, а Русија објави сателитски снимки на кои беше јасно видено дека украински авион е одговорен за инцидентот.Холандското Министерство за безбедност и правда, денеска соопшти дека остатоците од телата на жртвите ќе бидат однесени на аеродромот во Ајденховен

Пронајдете не на следниве мрежи: