Јосип Соколски заборавил на парите кои пред 35 години неговата жена ги ставила во орманот. Сега можеда го продаде на некој нумизматичар.Уште во 1992 година вределе 11.454 марки.Имавме пари во секој џеп. Кога и да требаше нешто да се купи, купувавме во готовина, какви кредити. А сега знам во којe ќоше има 10липи“, се насмеал Јосип Соколски.
При селидбата на стариот плакар пронашол пари кои неговата сопруга ги ставила под марама пред 35 години.
„Плакарот во спалната соба решивме да го освежиме. За да го направиме тоа, требаше да го изнесеме од собата. Не минуваше низ вратата па решивме да го растуриме. Сопругата ги вадеше работите од него, а од една нејзина марама испадна кеса која се размота. Пред нозете ни падна голема сума пари. Се погледнавме и се запрашаме што бара ова овде“, раскажува Јосип.
Потоа сопругата на Јосип се сетила дека одамна, кога ја донел платата од терен и парите од млекото ги замотала во кеса и ги ставила во орманот.
Тогаш сите имале пари
„Тогаш имавме пари и затоа сме заборавиле на овие пари. Не ни требаа. Таа тогаш ги оставила за децата кога ќе пораснат. Ги преброивме и вкупно има 630.000 динари. Молчевме за парите скоро десет години и оваа годна решив да им кажам на децата. Ми рекоа – стари сега тие пари не вредат ништо. Сите рокови за замена на парите за замена одамна поминале“, вели Јосип.
Присуство на рокови за замена
„Што можам сега? Ги пропуштив роковите за замена на парите, но не знаев за парите. Нека останат за спомен, ќе им ги оставам на внуците да си играат со нив“.
Југословенскиот динар можел да се замени за ХРД кон крајот на 1991 година во размер 1:1.
Во почетокот на 1992 за една германска марка требало да се дадат 55 ХРД, а тоа значи дека Јосип Соколски во тоа време имал 11.454 марки. По две години се вовела хрватската куна и до 30 април 1995 година динарите можеле да се заменат за куна во однос 1:1000. Соколски тогаш имал 630 куни. Марката вредела 3,69 куни, што значи тогаш Јосип имал 170 германски марки.
Денес повеќе никој не ги прима југословенските динари, освен нумизматичарите, кои за некои новчаници нудат и по пет куни. Имавме пари во секој џеп. Кога и да требаше нешто да се купи, купувавме во готовина, какви кредити. А сега знам во којe ќоше има 10липи“, се



