Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, предложен од СДСМ денеска направи преседан, узурпирајќи ја Комисијата и го својот личен став како став на ДИК.– На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и пречистување на Избирачкиот список не може да спроведе што значи дека не може да се обезбеди ниту Избирачки список во кој сите ќе имаат доверба – беше ставот на првиот човек на ДИК, кој овој став го изнесе како да е мислење на целата Изборна комисија во врска со можноста за организирање избори на 24 април.
Сепак не требаше долго време да помине за и овој обид за манипулација да излезе на виделина. Членовите на ДИК еден по еден почнаа да излегуваат во јавност и да се оградуваат од изјавата на Чичаковски. Тие открија дека ДИК ниту се состанала, ниту разговарала на таа тема. Напротив, според тврдењата на членовите на Комисијата, Чичаковски својот личен став и ставот на СДСМ сакал да го претстави како став на ДИК. Меѓу првите се огласи Сашо Срцев, член на Државната изборна комисија. Тој беше категоричен дека има капацитет и можности за избори на 24 април.
– Комисијата има извонредна соработка со сите институции во државата и сметаме дека имаме и капацитет и можности да ги спроведеме предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година, како што стои во Изборниот законик – рече Срцев. Во врска со денешната презентација на Чичаковски, пак, пред работната група и посредникот Питер Ванхауте, Срцев рече дека Комисијата ниту расправала ниту донела заклучок во врска со тоа што тој го презентирал.
Супхи Јакупи, кој е исто така член на Државната изборна комисија, смета дека денешната изјава на претседателот на ДИК Чичаковски, дека ДИК не е подготвена за 24 април 2016 година и за прочистување на избирачкиот список ќе бидат потребни 3 до 4 месеци, е лично негова изјава и став, а не е став на ДИК.
– Јас мислам дека ДИК требаше да има состанок и да ја разгледаме целата состојба, после сегашната политичка состојба и да заземеме став како Државна изборна комисија. Да го проучиме тоа дали, веќе ако ни даваат согласност на методологиите политичките партии и да ги усвоиме, ДИК и затоа има своја надлежност и затоа е поставена, да може навремено да ги зазема сите потребни дејствија за да биде подготвено за избори – вели Јакупи. Според него ако се вклучат сите институции да помогнат, сите актери кои се обврзани со методологијата да помогнат и да бидат прифатени како овластени претставници избирачкиот список ќе биде прочистен.
– На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и