Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е на терен со турбо интензивна агенда помеѓу жителите на селата од општина Кривогаштани и помеѓу крушевчани за да ги слушне нивните потреби и помогне во решавање на проблемите, опозициската СДСМ се занимава со приземни провокации во недостиг на конкретни идеи и проекти од кои корист ќе имаат граѓаните.Имено, при денешната посета на Груевски на Крушево, опозициски активисти се обидоа да исценираат инцидент и да извадат транспарент со политичка порака. Ваквите ситни провокации очигледно се најкреативното нешто што може да го понуди опозицијата, откако стана очигледно дека немаат ниту „п“ од програма, но дека истите не поминуваат кај народот се покажа и во Крушево.
За срамот на СДСМ да биде уште поголем, додека стотици граѓани од Крушево го пречекаа со овации Груевски, опозициската партија мораше со луѓе пратени со автомобили од Скопје да прави приземни провокации и да задолжи опозициски активисти, не повеќе од двајца на број сето тоа да го снимаат, а подоцна со задача тоа да го прикажат како наводно незадоволство на граѓаните, отворено манипулирајќи и лажејќи ја јавноста.
На ваквите провокации реагираа граѓаните на Крушево, кои го тргнаа транспарентот и покажаа дека не се сложуваат со ваквите ниски обиди на опозицијата која наместо да ги сослуша граѓаните за нивните потреби, како што денеска тоа го прави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, таа со ваквите неуспешни герила акции дополнително го нарушува и така катастрофалниот рејтинг. Со ваквите постапки не само што го спушта нивото на политичка комуникација, туку и го потврдува очајот и фијаското на нивните политики.
Имено, при денешната посета на Груевски на Крушево, опозициски активисти се обидоа да исценираат инцидент и да извадат транспарент со политичка пор
Пронајдете не на следниве мрежи: