Човекот кој, во видео што минатата недела го објави берлинската полиција, со клоца од зад грб удира жена во берлинското метро не е бегалец, ниту муслиман, туку граѓанин на Бугарија.Германските медиуми пренесуваат полициски изводи, според кои, иако речиси сите во земјата пред се на социјалните мрежи беа убедени дека напаѓачот и неговите тројца придружници се бегалци муслимани, станува збор за граѓанин на земјата членка на ЕУ, Бугарија, кој ниту е азилант, ниту, пак, е од исламска религија.
Четворицата осомничени, кои веќе се идентификувани, се роднини, но тие веќе се побегнати од Германија, и се вратени во родната земја, каде, исто така, може да ги стигне правдата.
Германските власти веќе подготуваат барање за екстрадикција, по која напаѓачот Станислав Стојков ќе биде обвинет за физички напад со тешки последици, а останатите тројца за соучесништво во физички напад.
Според бугарските медиуми еден од напаѓачите бил приведен од бугарската полиција, но бил пуштен на слобода по дадената изјава.
Во инцидентот во берлинската населба Нојкелн, што се случи на 27 октомври, 26-годишната жртва ја скрши раката.
Видеото од нападот во берлинското метро досега го видоа неколку милиони луѓе, на видео каналот Јутјуб.
Инцидентот во берлинското метро за германската јавност е важен и поради уривањето на стереотипите, според кои, секој инцидент во Германија првично се поврзува со бегалците и муслиманите по што следува хајка против овие две маргинални групи, кои на социјалните мрежи и во јавноста се оцрнуваат без никакви докази. Причина за овие предрасуди дадоа неколкуте тероритички напади на симпатизерите на Исламската држава во која загинаа и беа повредени десетици германски граѓани.
Германските власти последниве месеци и особено минатата недела постојано зборуваа за „социјални ботови“, кои се обидуваат да пласираат лажни вести за да манипулираат со јавното мислење при што за извор на вакви активности се посочуваат руските хакери под контрола на Москва.
Примерот со бугарските напаѓачи во Берлин покажува дека и без руските хакери Германија има доволно сопствен капацитет без никакви докази или индиции, судејќи само според изгледот, да осуди или да оцрни цели групи луѓе, пред сѐ бегалци и муслимани.Германските медиуми пренесуваат полициски изводи, според кои, иако речиси сите во земјата пред се на социјалните мрежи беа убедени дека напаѓачот и