Мобилизирана беше џиновска пропагандна машина со една единствена цел: на Брисел да му се покаже среден прст. Популистичката врева на Виктор Орбан, сепак очигледно е не им одговара на повеќето Унгарци. За доброто на Европа, пишува Макс Хофман во материјал објавен во Дојче веле.Во седиштето на Европската комисија во Брисел, веројатно злобно ги триеле рацете по објавувањето на резултатите од вчерашниот унгарски референдум.
Точно дека дури и да се покажеше како валиден, референдумот немаше да има којзнае какво влијание врз европската мигрантска политика, но сега Виктор Орбан барем доби лекција и од сопствениот народ, а не само од лидерите на ЕУ.
Стана јасно дека дури и во Унгарија поттикнување на страв веќе не е во можност да го привлече во гласачките кутии мнозинството од луѓето. Целта на референдумот всушност беше повеќе од јасна.
Унгарците мораше да им покажат на сите во Европа дека не сакаат да прифатат повеќе никакви бегалци и покрај тоа што според сегашните квоти станува збор за не повеќе од 2300 лица. И за да не дојде до некакво недоразбирање, Виктор Орбан недвосмислено изјави што се очекува од референдумот. По него послушно го повторија и сите министри и остануваше само народот да го потврди.
Само што повеќето Унгарци очигледно немале желба тоа да го послушаат. Точно е дека огромното мнозинство меѓу гласачите – близу 45 проценти од избирачите застана на страната на Орбан, но „најголемиот унгарски удар“ против Брисел не се одржа поради недоволната излезност.
Заситеност од слогани
Што е поуката од овој референдум? Валидно или не, практично тој го потврди она што веќе долго време се знаеше од анкетите, односно дека повеќето Унгарци не сакаат да прифатат никакви бегалци. Референдумот сепак покажа и тоа дека Виктор Орбан е подготвен да им гази по нервите на своите европски колеги, додека не го постигне потребниот успех дома. Токму овој успех сепак сега му беше одбиен. Референдумот чинеше речиси 40 милиони евра. И покрај бројните плакати со ликот на премиерот со повик да се гласа против европската бегалска политика, пред гласачките кутии не се појавија доволно гласачи.
На некои Унгарци очигледно веќе им е преку глава од пропагандната политика на Орбан. Со други зборови, целиот референдум беше џиновска машина за уништување на пари. И таа беше мобилизирана со една и единствена цел: да се покаже среден прст на Брисел.
Референдумот сепак покажа и друго: дека Орбановата тактика постојано да се грижи за ЕУ веќе не фаќа толку вера извесно време. За да го задржи влијанието на својот популистички коктел, премиерот е принуден постојано да го подгрева ирационалниот страв за крајот на христијанска Европа. Со други зборови, тој постојано треба да ја зголемува дозата на својот популизам, како што направи со референдумот. Повеќето Унгарци сепак веќе се презаситени од постојаните драматични пози на својот премиер и претпочитаа да останат дома.
Сето лошо доаѓа од Брисел
Причината за неуспехот на референдумот можеби е вкоренета во фактот дека за разлика од Британците, Унгарците го одобруваат членството на земјата во ЕУ. Најмалку поради милионската финансиска помош од Брисел. Затоа и Орбан е принуден да балансира. Кога посетува на своите европски колеги, тој сигнализира подготвеност за соработка.
На самитот во Братислава во средината на септември тој дури претстави и свој концепт за „флексибилна солидарност во бегалската политика“.
И токму во тоа е проблемот: Унгарскиот премиер доведе да совршенство еден познат рефрен: сето лошо доаѓа од Брисел, а што е убаво е плод на сопствени напори. Оваа тактика функционираше до неодамна, но не и по британскиот референдум за излегување од заедницата.
Надвор – добри Европејци, а дома – организатори на референдуми против веќе изгласани европски решенија. Сличен расцеп ја води Европа директно кон провалијата. Крајно време е и Виктор Орбан да го сфати тоа.
Неуспешниот референдум дава надеж дека многу унгарски избирачи веќе стигнале до ова сознание. За доброто на ЕУ.Во седиштето на Европската комисија во Брисел, веројатно злобно ги триеле рацете по објавувањето на резултатите од вчерашниот унгарски референдум.