Уште една стратегија на Зоран Заев пропадна, кога нивниот претставник во преговорите го стави потписот на договорот, кој четирите политички партии го постигнаа денеска.Имено, СДСМ бараше да спроведе цензура во медиумскиот простор и како санкција предвидуваа плаќање на огромни суми парични кази.
Тие бараа на новинарите да им се забрани да размислуваат со своја глава, односно на новинарите да им се забрани да изразуваат личен став што е во спротивност со Член 16 од уставот на Македонија.
Исто така СДСМ бараше да се зголемат казните за медиумите и нивниот Совет во Агенцијата за медиуми составен од членови на СОРОС да може да казнува и затвора телевизии според директивите кои ќе дојдат од Бихаќка.
Сепак, она што денеска беше договорено во однос на медиумите е следно:
„Во однос на медиумите, Законот за Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе биде имплементиран 15 дена од датумот на денешниот договор. Ќе биде формирано ад-хок тело за мониторирање на медиумското известување, согласно Изборниот законик. Ова тело ќе функционира до завршување на изборниот процес, а ќе биде формирано 30 дена од датумот на овој Договор.
Ова тело ќе биде составено од 5 члена, во консултации со релевантните професионални организации, четирите политички партии ќе одберат четири члена, од којшто едниот ќе биде Албанец, а избраните четворица, имаат 15 дена со консензус да го одберат петтиот член. Телото ќе врши проценка на балансираното известување.
Првиот прекршок, ќе биде санкциониран со предупредување, а евентуалниот втор сноси парични казни. Ниту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак, според договореното, треба да се разликува од пласирање на информација.
Четирите политички партии се обврзуваат да спроведат медиумска легислатива согласно итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите.
Во согласност со другите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира уредник на информативната редакција на МРТВ од експерти на ова поле.
Ако партиите потврдат дека услови за избори има, новиот уредник на јавниот сервис ќе стапи на функција сто дена пред избори.“
Целиот текст на договорот кој денеска го потпишаа претставниците на четирите најголеми политички партии можете да го прочитате ОВДЕ.Имено, СДСМ бараше да спроведе цензура во медиумскиот простор и како санкција предвидуваа плаќање на огромни суми парични кази.
Тие бараа н