Екипата на Интер официјално го прекина трансферот на норвежанецот Џон Кару поради тоа што не ги помина медицинските тестови, односно, неговата физичка подготвеност не е на задоволително ниво.
„Фудбалскиот клуб Интер сака да се заблагодари на Џон Кару на желбата и професионалноста која ја покажа, неговата моментална физичка подготвеност бара голем период на индивидуални тренинзи, што никако не спаѓа во потребите на клубот“ се вели во соопштението кое во јавноста го пласираше тимот на Интер.
Кару требаше да потпише за Интер како слободен играч, но, „висеше“ неговата физичка подготвеност, поради фактот што последниот натпревар го одигра пред 8 месеци за екипата на Вест Хем.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Екипата на Интер официјално го прекина трансферот на норвежанецот Џон Кару поради тоа што не ги помина медицинските те