Во најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски колумнист и помошник на главниот и одговорен уредник на неделникот „Глобус“, Бранко Тричковски, смета дека Илинден е еден очаен обид и еден пораз, кој „не придонесе до национално ослободување или освестување, туку само до зацементирање на македонската катастрофа.”
Според колумната на Ѕвездан Георгиевски, Илинденското востание и овој празник кој го слават сите Македонци е очаен обид на сеуште недоразбраната кауза.
„Во таа смисла, токму и прилега “големиот македонски херој” Јохан Тарчуловски да биде на челото на оваа група губитници и нивните коњи. Има некоја симболика во оние коњи што за секој Илинден одат од село Лисиче до Крушево. Само не знам каква. Ги гледав пред некој ден распашаните и опашани комити и војводи, на чело со Јохан Тарчуловски, како на своите коњи и кобили дефилираат низ Аеродром.
Мали дечиња одеа пред нив. Ако мене ме прашувате, повеќе ми личеше како одбележување на 50-годишнината од земјотресот, отколку 110-годишнината од Илинденското востание. Како да стануваше збор за фолклорна илустрација на некаков збег: нејаки деца, збунети мажи плус животните од по дворот“, пишува Георгиевски.
Ние се прашуваме зошто вака се плука по најсветиот македонски празник и по чувствата на сите македонци. Толку ли многу боли тоа што не се на власт внуците на партизаните кои сметаа дека имаат природно, наследено право да бидат на позиција засекогаш?
Според колумната на Ѕвездан Георгиевски, Илинденското востание и овој празник кој го слават сите Македонци е очаен оби