среда, 25 ноември 2026
Најново

Проруски сепаратисти го заземаа регионалниот телевизиски центар во Доњецк

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Над зградата на регионалниот телевизиски центар во Доњецк проруски сепаратисти поставија знаме на самопрогласената Доњецка народна република.Пред зградата на регионалниот телевизиски центар во Доњецк се одржува протест со барање за објективно известување за настаните во југоисточниот дел на Украина.
Дел од западните медиуми јавија дека четворица маскирани сепаратисти со палки и штитови стојат пред влезот во телевизијата ио контролираат кој ќе влезе, а внатре има лица со маскирна облека.
Прорускиот митинг почна на плоштадот „Ленин“ во центарот на градот, при што се собраа околу 3.000 лица. Тие бараат распишување на референдум за федерализација на Украина. Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Не за крвавата киевска Хунта!“ и „Прекинете ја окупацијата на Донбас“.
МИАПред зградата на регионалниот телевизиски центар во Доњецк се одржува протест со барање за објективно известување за&nbsp

Поврзани вести