Проруските сили почнаа да го повлекуваат тешкото вооружување!

Украинската војска ќе почека со повлекувањето на тешкото вооружување од линијата на фронтот, доколку примирјето се почитува два дена, додека проруските сили во регионот на Доњецк и Луганск потврдија дека почнале со повлекување на своето вооружување.- Украинската страна подготви локации и начин на повлекување на тешкото вооружување. Доколку два дена се почитува примирјето, тоа ќе биде сигнал за почеток на повлекување на тешкото вооружување – изјави денеска претседателот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андреј Лисенко, јави ТАСС.
Лисенко истакна дека проруските сили се уште не го разбираат режимот на прекин на огнот, договорен во Минск на 12 февруари.
Заменикот командант на самопрогласената Народна Република Луганск Виталија Кисељев објави дека украинската армија само делумно почнала со повлекување на тешкото вооружување.
– Во согласност со планот, киевските сили само делумно почнаа со повлекување на тешкото вооружување. Единствен проблем е што украинската армија не ги контролира приватните единици, што исто така поседуваат тешко вооружување. Не можеме да потврдиме дека доброволните единици се придржуваат до наредбата за повлекување на тешкото вооружување – изјави Кисељак.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Доњецка Народна Република Едуард Басурин изјави дека повлекувањето почнало утрината во девет часот, како и дека од градовите Дебалцево, Горловка, Доњецк и Телманово ќе бидат повлечени околу 96 парчиња тешко вооружување.
Повлекувањето се очекува да трае околу две недели, во согласност со одредбите од мировниот договор од Минск, што е постигнат на 12 февруари по повеќе од 16 часа преговори.- Украинската страна подготви локации и начин на повлекување на тешкото вооружување. Доколку два дена се почитува примирјето, тоа ќе биде сигнал за

Пронајдете не на следниве мрежи: