Проруските сили зазедоа 3 градови во Украина

Проруските сили зазедоа три градови во источна Украина, објави агенцијата „Новорусија њуз“ на својот сајт. Војската на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, соопштила во четвртокот дека продолжуваат уличните борби во Иловајск.Украинските баталјони Днипро, Азов и Донбас пробале да го нападнат овој град и повторно да воспостават контрола, но обидот бил безуспешен.
Итар Тасс пренесе дека во предградијата на Дњепропетровск и Славјанск се градат утврдувања и се копаат ровови.
Украинската војска секојдневно го гранатира Луганск, во кој пред три недели се прекинати врските за комуникација, како и снабдувањето со струја и вода.
„Жителите на градот не примаат плата, социјална помош и пензија. Иако сѐ уште има основни артикли, пред камионите во кои се продаваат леб и млеко се формираат редици од луѓе“, соопшти собранието.
Поради прекинот во снабдувањето со вода и бензин, градот има проблем со чистење на ѓубрето, па постои страв од ширење на инфекции поради големите летни жештини.Украинските баталјони Днипро, Азов и Донбас пробале да го нападнат овој град и повторно да воспостават контрола, но обидот бил безуспешен.

Пронајдете не на следниве мрежи: