Просјакот му покажа на кралот што значи богатство

Една приказна која деновиве кружи по социјалните мисли, пренесува многу важна порака за сите. Што е богатство? На ова прашање сите имаме различен одговор, па просјакот решил да му предаде лекција на еден крал.Секое утро, во едно мало богато кралство еден просјак без збор му носел на кралот по едно јаболко, а потоа си одел.

Кралот, кој бил навикнат да прима многу поскапоцени подароци од ова овошје кое му пристигало секое утро, често се потсмевал на сметка на просјакот, откако овој си одел. Сите во дворот се однесувале како кралот, затоа што не би било соодветно да не постапуваат и да не мислат како кралот.
Просјакот не се обесхрабрувал и секое утро одново доаѓал и му го давал на кралот својот подарок. Иако тоа веќе му здодеало, кралот сепак го примал дарот со кисела насмевка и го ставал во една корпа. Корпата веќе била преполна со јаболка и во неа повеќе не го собирало овошјето кое просјакот со љубов, внимание и трпеливост го носел.
Еден ден, најдрагиот мајмун на кралот земал парче од овошјето и го загризал, а потоа веднаш го фрлил пред кралот.
Кралот зачудено погледнал кон јаболкото од чија средина сјаел еден дијамант. Истиот миг наредил да се отворат сите јаболка од корпата. Во секое јаболко наоѓал по еден дијамант. Уште зачуден, кралот го викнал необичниот посетител и му побарал објаснување.
Просјакот му одговорил:
„Ви носев дарови за да сфатите дека вам животот секое утро ви носи посебен дар на кој вие заборавате поради богатството со кое сте опкружени. Тој дар е новиот ден што започнува. Многу работи изгледаат претерано важни, но постои добро кое надминува сѐ и кое е дијамант сокриен во нашите срца. Богатството е самиот живот и насмевката што им ја даруваме на оние на кои им е потребна“.Секое утро, во едно мало богато кралство еден просјак без збор му носел на кралот по едно јаболко, а потоа си одел.

Пронајдете не на следниве мрежи: