Проштална порака на Драгутин до девојка му: Биди силна, знаеш на кого треба да му се јавиш…

Драгутин Радовановиќ (17) од Белград, исчезна во вторникот вечерта, а семејството и пријателите апелираа да им се помогне за негово брзо наоѓање.Неговата сестра Теодора Савиќ стравува дека тој извршил самоубиство, бидејќи вечерта кога исчезнал на девојка му Дијана ѝ пратил проштална порака.
„Биди силна. Не дозволувај да пропаднеш. Ќе продолжиш понатаму без мене… Она што сакам е да ѝ се јавиш на Дора. Потруди се да ги сочуваш мајка ми и Дора. Моја последна желба е да бидам погребан покрај него… Извини, прости ми те молам. На крај на сѐ, знам дека ништо не може да се смени. Знаеш на кого треба да му се јавиш…“

Теодора вели дека Драгутин страдал од депресија во последниве неколку години, дека се лекувал и дека состојбата му се влошила по смртта на дедо му, а воедно тешко го поднел и разводот на родителите.
„Дијана веднаш му се јави на телефон, но тој не одговори. Пораката ја проследи до мене. Го повикав… Телефонот ѕвонеше, но тој не се јавуваше. Еден час подоцна телефонот му беше исклучен“ – вели Теодора.
Нивната мајка Радослава вели дека во вторникот била на службен пат и дека се вратила во средата, како и дека таа и поранешниот сопруг веднаш го пријавиле случајот во полиција.
„Очајна сум и не знам што да правам. Во полиција само ми рекоа дека ако скокнал во Сава, мораме да почекаме телото да исплива“ – вели очајната мајка.Неговата сестра Теодора Савиќ стравува дека тој извршил самоубиство, бидејќи вечерта кога исчезнал на девојка му Дијана ѝ пратил проштална порака.

Пронајдете не на следниве мрежи: