Од неодамна на интернет кружи, наводно, проштално писмо од маж до сопругата кое стана вистински хит.Инаку, еден маж одлучил да провери дали неговата сопруга го сака и и напишал проштално писмо, во кое, наводно, ја остава. Го ставил писмото на маса и се сокрил под креветот, чекајќи ја сопругата.
Сфатил дека постапува малку детски, но морал да знае што чувствува неговата сопруга кон него. Се надевал дека ќе го види нејзиното изненадено лице, замислено како плаче, и целата испаничена како ги бара пријателите…
Конечно, сопругата се вратила дома, го пронашла писмото и го прочитала. Земала пенкало и почнала да пишува нешто по него.
Потоа, се пресоблекла пеејќи некоја песна. Изгледала среќна.
Сопругот бил шокиран, но следело нешто уште полошо.
Жената го зела телефонот и се јавила некаде.
„Здраво миличок. Подготвена сум, доаѓам наскоро. Што се однесува до оваа будала, конечно се ослободив од него, си замина. И како воопшто можев да се омажам за него? Жал ми е што претходно не се сретнавме. Еве ме, доаѓам.
Прекинала и излегла од станот.
Сопругот слушнал како се затворила вратата од станот- заминала. Разочаран, фрустриран, се извлекол од под креветот, го зел писмото да види што напишала.
Низ солзи прочитал: „Ги гледам твоите нозе како ѕиркаат под креветот. Заминав во продавница по леб“.
Приложената приказна веројатно е плод на нечија богата фантазија, а дека ве насмеа, во тоа не се сомневаме.Инаку, еден маж одлучил да провери дали неговата сопруга го сака и и напишал проштално писмо, во кое, наводно, ја остава. Го ставил писмото на маса



