Проштално писмо од девојче кое поради насилство одлучило да се убие го потресе Балканот

Мајката била на училиште кога сфатила дека малтретирањето кое нејзината ќерка го преживува  на училиште доведува до тоа дека таа размислува за тоа да си го одземе животот. „Драги мои пријатели и семејство. Мене навистина ми е жал, но не можам повеќе да го поднесам ова. Или  некој ме закача на училиште или се расправам со мајка ми. Мене навистина ми е доста од ова!!! Мила моја мамо прости ми… знам дека не сакаш, но…. Те молам прости ми, но  јас ќе се убијам… И ти ќе бидеш среќна и весела, а јас ќе горам во пеколот. Многу ми е жал“, пишувало на изгужваното парче хартија кое мајката на 13-годишното девојче, го пронашла фрлено во канта.
За самохраната мајка, која била  неверојатно поврзана со својата ќерка, тоа било капка која ја прелејала чашата. Таа преживувала  малтретирање на училиште веќе со  години, а училиштето тој проблем, и покрај зачастените пријави, не успеала да го реши и на крај дошло до ескалација. Одлучила за тоа јавно да проговори за се.
„Таа е мирна, тивка, повлечена и неверојатно чувствителна. Лесно  се расплакува и не знае да се носи со насилството ни во физички, ниту во било кој друг облик. Исто така, прилично е поинаква во однос на другите деца. Не ја интересира облеката, селфи фотографии и такви работи. Сака стрипови и веќе со години го учи јапонскиот јазик. Фактот дека е поинаква и дека е многу поинаква е причината зошто двајца мали насилници се налакомија на неа“, истакнува мајката.
„Насилството започнало во второ одделение. Едно момче, син на познат  спортист, почнал зачестено да ја закача. Таа на тоа се расплакувала, што доведувало до  ново закачање и така во недоглед. Бидејќи тоа момче е познато во  одделението, и другите деца го следат неговиот пример и набрзо животот на училиште за неа станал пекол. Со оглед на тоа дека и дома е повлечена, од првин не сакаше со мене да соделува што се случува на училиште, но очигледно ја јадело од внатре, бидејќи почна да се менува. Се повлече во својот свет“, додава таа.

 
Откако  конечно ѝ се отворила, мајката го пријавила случајот кај наставничката која реагирала. Момчето кое било иницијатор на задевањето, навредувањето и  омаловажувањето неколку пати  бил присилено да напише писмено извинување и да вети дека ќе престане со таквото однесување. По три години, тие се преселиле во Риека, а мајката истакнува дека нејзиното девојче никогаш не било посреќно. За жал, животните околности ги вратиле во Вараждин, каде продолжила тортурата.
„Тие деца на мојата ќерка секојдневно и говорат дека е глупава, дека смрди, дека никој не ја сака и дека е најдобро да се убие. Тоа ѝ го кажуваат отворено и без ни малку каење пред останатите од одделението, но и за време на наставата, пред наставниците, дури и  во моментите кога одговара за оцена. Иако учи многу и  се труди, оцените ѝ се драстично полоши, а секој ден вели дека ѝ е страв да оди на училиште. Депресивна е,  чувствува вина поради се што се случува, иако за ништо не е виновна и неодамна тоа ескалираше до толку  што  почнала да се сече со скалпер по подлактицата.

Училиштето едноствно или  не знае или  од некоја причина не сака да го реши овој проблем. Поднесував десетина пријави, но моето дете на училиште и понатаму секој ен  поминува низ пекол. И не само тоа. Откако  јавно проговорив за ова, училишниот психолог ја прашал ќерка ми зошто јас јавно зборувам за проблемот. Директорот сепак тврди дека не се работи за систематско злоставување. Воопшто не ми е важно дали тие деца ќе бидат казнети. Сакам само насилството да престане и моето девојче да може без страв да оди на училиште“, заклучува таа. „Драги мои пријатели и семејство. Мене навистина ми е жал, но не можам повеќе да го поднесам ова. Или  некој ме закача на училиште

Пронајдете не на следниве мрежи: