Интензивно продолжуваат активностите за асфалтирање на регионалниот пат Битола-Ресен-Буково.Увид на терен извршија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов и градоначалниците на општина Битола и Ресен.
Но, на денешната прес конференција за новинарите активисти на „Битолското движење“ се појавија на истиот со транспарент на кој пишуваше „ЧЕСТИТО АБОЛИЦИЈА“, алудирајки на аболицираниот градоначалник Владимир Талевски.
Активистите го поздравија со фрлање на специјално изработени банкноти.
Уличарските герилци направија ѓубре и неред со онечистување на околината, а градоначалниците и министерот не реагираа на евтините провокации.
Регионалниот пат со должина од 27 километри значително ќе ја подобри комуникацијата помеѓу општините Битола и Ресен, ќе ја зголеми безбедноста и ќе придонесе за зголемување на туризмот во овој регион.
Ако е злодело да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во одредено населено место, тогаш ВМРО-ДПМНЕ со досегашните проекти и дејства треба да одговара пред вечно незадоволните платеници.
Од друга страна, јасно се сеогледува дека зад овој „независен граѓански активизам“ стојат организации кои се тесно поврзани со гарнитурата на СДСМ и од кои се префрлаат пари во фондовите за печатење на пропагандни материјали и фалсификување на податоци.
Ќе беше подобро доколку вишокот на енергија овие активисти го насочија кон нешто конструктивно, наместо да се мерат улици, вандализира и позира пред камери за да се соберат прегледи и да се нахрани егото желно за внимание.Увид на терен извршија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов и градо