недела, 15 ноември 2026
Најново

Проститутка од афера „Харем“: „Сфатив дека не му бев единствена на моето момче“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една од Србинките која одлучила да заработи продавајќи го своето тело со богати арапски нафташи во Дубаи, ексклузивно ги сподели своите мислења со читателите на српското издание на магазинот „Њузвик“.„Заминав во Дубаи и запознав извесен Валентино, во кој се вљубив. Подоцна сфатив дека покрај мене, тој се грижи за уште неколку жени“, објаснува Дејана како влегла во светот на проституцијата во Дубаи.
Дејана во одреден момент се нашла во незавидна финансиска ситуација. Останала без работа, пари и пријатели.
„Морав одлучам. Од Валентино добивав пари, накит, храна и облека… Помислив дека ќе заработувам уште повеќе ако почнам да се занимавам со проституција. Сега заработувам 4.500 долари месечно. Мажите кои ми плаќаат за секс ме прават среќна, а јас не мислам дека работам нешто што не чини, иако во Србија проституцијата се смета за нешто лошо“, рекла Дејана.
Меѓутоа, таа не планира со оваа работа засекогаш да се занимава.
„Сега ми е нормално луѓето да ме прашуваат колку наплатувам за една ноќ. Заштедувам од тие пари за да можам да патувам низ Европа и Америка“, вели Дејана.„Заминав во Дубаи и запознав извесен Валентино, во кој се вљубив. Подоцна сфатив дека покрај мене, тој се грижи за уште неколку жени“,

Поврзани вести