Знај дека оние кои те повредиле, не знаеле поинаку

Побарајте мир во своето срце и кога тоа ќе го направите, вашата душа ќе се издигне на повисоко ниво на вибрација. Лутината, омразата и сите други негативни емоции, само се енергија која излегла од контрола.
Кога ќе простите во своето срце, тогаш и светот може да започне со простувањето на глобално ниво. Смирете се со оние кои ве повредиле, било физички или емоционално. Луѓето кои ве повредуваат на било кој начин, го прават тоа, бидејќи се сеќаваат на минатите животи во кои владеела болката и повредата. Самите не можат да се соочат со сопствената лутина и фрустрација и често пати је исфрлаат кон други.
Не мрази никој. Немој да бидеш лут -а на никој. Не ја задржувај лутината или омразата во себе. Ако во срцето ги носиш тие емоции за било која душа, отпушти ги емоциите и замени ги со простувањето. Тажно е да се видат душите кои се враќаат дома полни со горчина, лутина или омраза.
Не само што тие емоции го застануваат ‘будењето’ на нашиот свет, туку ги задржуваат во растот. Тие кои ве повредиле, го направиле тоа затоа што не знаеле поинаку. Често се лути на себе, но имаат потреба да ја изразат таа лутина во присутност на другите.
Имаат желба другите да трпат поради нивните проблеми. Болката, обвинувањата, лутината, омразата и другите емоции на кои сте изложени, можат да бидат многу длабоки и болни, но не ги задржувајте чувствата.
Простете им на личноста која тоа ви го направи и тргнете се. Учете од тоа искуство, не внесувајќи негативна енергија и по некое време ќе почувствувате исцелување. Оддалечувајќи се од тој проблем, со време ќе ја промените својата енергија.
Поврзете се со Повисокото Јас, ако имате проблем со отпуштањето на негативната енергија. Побарајте мир во своето срце и кога тоа ќе го направите вашата душа ќе се издигне на повисоко ниво на вибрација.
Кога сте исполнети со лутина, омраза и фрустрација тогаш не можете да видите ништо друго освен тоа. Еднаш кога ќе ги тргнете емоциите, тогаш светот ќе го гледате со духовни очи и ќе ја знаете смислата на животот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.