Кога ќе се одлучите на здрав начин на исхрана, секогаш доаѓа до оној момент кога ви се пријадува нешто благо, а потребата не можете да ја задоволите со свежо овошје, иако се трудите од петни жили. За да не послегнете по чоколадото, сладоледот и другите десерти преполни со рафиниран шеќер, бидете креативни и размислете како да направите десерт кој е поздрав. Пробајте ги овие палачинки со посно сирење – вкус кој е многу сличен на оној на кој сте навикнати, но е за помала грижа на совест.
Состојки:
120 г посно сирење
100 г зобни снегулки
4 белки од јајца
½ банани
1 кафена лажица стевија
Измиксајте се во блендер и пржете како обични палачинки. Можете дури и да ги направите како познатите американски палачинки. Наместо Нутела, која веруваме дека најмногу сакате да ја нанесувате на палачинките, пробајте прелив од растопено темно чоколадо во комбинација со шумско овошје. Исто така, можете да прелиете со неколку капки стевија и да послужите со исецкани ореви и банана.Пробајте ги овие палачинки со посно сирење – вкус кој е многу сличен на оној на кој сте навикнати, но е за помала грижа на совест.