За време на двегодишната политичка криза Република Македонија се соочи со низа политички удари кои имаат цел погубно да влијаат врз опстанокот на македонската државност и идентитет, пишува „Македонски манифест“ во отвореното писмо до јавноста.– Носењето одлуки без даден легитимитет од народот од страна на политичките лидери, комплетното уништување на безбедносните структури на државата, вмешаноста, диктатите и уцените на странските мешетари, создавањето на противуставниот пржински договор и специјално јавно обвинителство, но и огромната поделеност меѓу граѓаните, отворија можност за лесно и агресивно дејствување на оние чија цел е погребување на Република Македонија и нејзиниот вековен идентитет – се вели во писмото. А овие удари, како што се додава, доаѓаат од секаде.
– Секојдневните агресивни настапи на грчкиот претседател Павлопулос, во кои јавно истакнува дека Македонија е грчка, изјавата на српскиот министер за надворешни работи, Дачиќ, дека Република Србија згрешила што ја признала Македонија под уставно име, потпишувањето на сеалбанската платформа во странска држава под диктат на албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот шеф на ЦИА…, сето ова изгледа како организиран напад на глутница хиени што начекале рането животно. Последниот удар доаѓа со резолуцијата на Европскиот парламент, во која се тврди дека во Мала Преспа, Голо Брдо и во Пустец живеат Бугари – пишува во обраќањето. Од „Македонски манифест“ најпрвин, како што велат, сакале ова протесно писмо да го испратат на адреса на Европската Унија, која очигледно со оваа резолуција сака искрено и недвосмислено да се стави на страната на оние што сакаат засекогаш да ја уништат Република Македонија.
– Но, тоа би бил само залуден крик во празно затоа што однесувањето на ЕУ спрема Македонија е одамна прочитана книга. Лицемерството и двојните стандарди на Европската Унија македонскиот народ со години ги чувствува на сопствената кожа. Зарем може некој да поверува дека лицемерната Унија некогаш ќе се осмели да донесе резолуција во која ќе посочи дека во Република Грција живеат Македонци кои имаат право на свое национално изјаснување? Оттука, бесмислица е секаков дијалог со ЕУ и со нејзиниот корумпиран и фашизоиден спрема Македонија бирократски систем во распаѓање – се наведува во протестниот текст.
Натаму се додава дека она што силно н` загрижува нас е немањето никаква реакција од страна на официјалните претставници на македонската држава и нејзините политички партии.
– Kако сите да се напикале во глувчови дупки. Освен ако не се смета за реакција некаков си коментар на „Фејсбук“ напишан од македонскиот министер за надворешни работи. Тоа може ќе беше и нормално ако Република Македонија беше некаква си видеоигра со која секој може да си игра, а не држава со нападнато име и идентитет. Затоа ние сакаме да го потсетиме и да му посочиме на македонскиот народ дека кога сме нападнати однадвор и однатре, кога практично се укинати трите столба на државата, а хиените веќе напаѓаат, кога политичарите се неми поради нивната неспособност, тогаш единствен што може да застане во одбрана на татковината е токму нејзиниот народ. Затоа Македонците мора да бидат спремни до последен здив и капка крв да ги бранат својата единствена татковина и нејзиниот идентитет – пишува „Македонски манифест“ во протесното писмо.– Носењето одлуки без даден легитимитет од народот од страна на политичките лидери, комплетното уништување на безбедносните структури на држа