Протест против маршот на руските „Ноќни волци“ и контрапротест во поддршка на моторџиите се собраа пред храм-споменикот „Св. Александар Невски во главниот град. Пред доаѓањето на „Волците“, дојде до несогласување меѓу претставниците на двете групи. Тие сепак беа разбиени од полицијата.Двете групи броеле близу 150 лица. Судирот се случил откако еден од контрапротестантите фатил за гуша момче од другата група.
Според непотврдени информации, напаѓачот бил приврзаник на фудбалски клуб.
Полицијата ги одделе неситомислениците со формирање на кордон. Протестантите носеле транспаренти со натпис „Путин, прибери си ги волците“ и „Путин – терорист“.
Групата руски рокери влегле во Софија вчера пред 14.00 часот со полициска придружба и под засилени мерки за безбедност. Со пристигнувањето рокерите беа пречекани од поддржувачите со аплауз и цвеќиња. По стар бугарски обичај, тие беа пречекани од девојки во народни носии, но и со леб и сол. Протестантите против посетата на Русите кои биле одделени со кордон од поддржувачите, почнале да ги исвиркуваат рокерите.
Пред новинарите еден од членовите на руската група објасни дека од Русија дошле само четири лица, а останатите се од други земји. Групата се состои од 20-25 лица. Мажот, кој рекол дека името му е Виталиј, објаснил дека досега немале проблеми, освен инцидентот во Бургас. Тогаш при тепачка на демонстранти против рокерите и нивни поддржувачи беа уапсени четири лица.
Маршот во Софија се одржал по дозвола на градските власти, со часови пред влезот на „Ноќните волци“ во Софија.Двете групи броеле близу 150 лица. Судирот се случил откако еден од контрапротестантите фатил за гуша момче од другата група.
Според непотв