Илјадници лица протестираа во саботата во Шпанија барајќи да се донесе нов закон со кој ќе се оневозможи иселување на презадолжените сопственици уништени од економската криза кои ги иселуваат од нивните куќи и станови.Повеќе илјади луѓе минаа во поворка низ престолнината Мадрид, а сличен протест е одржан и во Барселона и во педесетина други градови низ цела Шпанија.Веќе со месеци наназад Шпанците протестираат поради последиците од рецесијата во која западна нивната земја и против строгите мерки за штедење кои ги наметна владата ана премиерот Мариано Рахои.Шпанските парламентарци во вторникот прифатија да отворат расправа за иницијативата на широката јавност во земјата против иселувањата.Движењето наречено Платформа на жртвите на иселувањето собра 1,4 милиони потписи, речиси тројно повеќе од потребните 500 илјади според шпанските прописи за некој закон да влезе на разгледување во парламентот.Токму ова движење беше организаторот на протестите во саботата за да изврши дополнителен притисок врз пратениците што побрзо да го изгласаат предложениот закон.
МакфаксИлјадници лица протестираа во саботата во Шпанија барајќи да се донесе нов закон со кој ќе се оневозможи иселување на