Илјадници граѓани се собраа денеска во Мадрид во знак на поддршка за единствена Шпанија, еден ден пред одржувањето на забранетиот референдум за независност на Каталонија.Учесниците на протестот се собраа на плоштадот Плаза де Сибелес пред градското собрание, извикувајќи „Каталонија е дел од Шпанија“, „Јас сум Шпанец, Шпанец, Шпанец“, што обично се слуша на фудбалските натпревари на шпанската репрезентација.
Некои од демонстрантите бараа апсење на каталонскиот претседател Карлес Пучдемон, кој вети дека референдумот ќе се одржи по било која цена, иако шпанскиот Уставен суд одлучи дека гласањето е незаконско.
Владата на шпанскиот премиер Мариано Рахој, исто така, соопшти дека референдумот е нелегален и вети дека ќе направи се што е можно да го спречи неговото одржување.
Протести за поддршка на обединета Шпанија се одржаа и во градовите Севиља, Палма де Мајорка, Барселона и Сантандер.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот Плаза де Сибелес пред градското собрание, извикувајќи „Каталонија е дел од Шпанија&ldquo