ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ТОДОРОВ, АМА ТАРАВАРИ Е БЕТЕР: Катастрофа!

Лошото менаџирање со здравството кое го прави новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, наиде на остра критика и кај доктор Дејан Ставриќ, кој организираше протести против поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој вели дека кадровските промени кои ги направи новата власт штетни, а доколку не се реагира соодветни, последиците би можеле да бидат сериозни според него.-Катастрофа! Се боревме да го смениме амбиентот, квази реформите и ступидните проекти кои доведоа до смртни последици и енормни долгови, а што добивме? Само континуитет, бидејќи де факто во здравствениот систем ништо не е сменето. Состојбата не е само наследена, нема реална и суштинска промена, нема нови програми, туку само кадровски промени кои во поголем дел ја продолжуваат штетната политика во работењето на своите претходници. Доколку не се реагира соодветно, последиците можат да бидат посериозни, а крахот би бил неизбежен, предупредува д-р Дејан Ставриќ, поранешен прв синдикалец на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје, во изјава за Дојче Веле.
Тој вели дека новата власт не си ги исполнува ниту ветувањата, тој вели дека ова што се случува во здравството мора да запре и да се промени.
-Кадровските решенија се најблаго речено катастрофални, посебно директорските, кои со чест на исклучоци, во голем дел се континуитет на криминалот на ВМРО ДПМНЕ. Како во однос на набавките, така и во однос на начинот на работењето. Поголем дел од нив се луѓе со богата историја на соработка со поранешниот режим. И тоа соработка во најлоша смисла на зборот, на штета на пациентите и на здравствениот систем. Нема промена во делот на економските директори, а едно од првите ветувања беше дека тие ќе се тргнат како непотребни и скапи. Гледаме дека и во самиот кабинет на министерот нема никакви промени. Старите бизнис структури кои совршено работеа во претходниот режим на штета на здравството и пациентите, сега продолжуваат преку новите кадровски решенија, посебно на некои од клиниките. Тоа мора да запре и да се промени, предупредува Ставриќ.
Инаку, Ставриќ организираше протести против министерот Никола Тодоров, протести кои според многумина беа организирани токму од оние кои денеска ги критикува Дејан Ставриќ, а тоа е сегашната власт а тогашна опозиција.

Дека ситуацијата во здравството е катастрофална потврдува и фактот дека во изминативе четири месеци драстично е зголемен е бројот на смртни случаи во македонските болници, а што е посебно жално е што најголем дел од оние кои ги губат животите се новороденчиња и трудници.

Ставриќ е првиот од оние кои протестираа против Тодоров, а излегува со критика за сегашната катастрофална состојба во здравството, против крајно погрешните кадровски решенија на новата власт. Многу од оние кои го нарекуваа Тодоров министер за смрт, денес ги нема никаде да искритикуваат за оваа состојба во здравството, која што според експертите никогаш не била на пониско и полошо ниво.
 
 -Катастрофа! Се боревме да го смениме амбиентот, квази реформите и ступидните проекти кои доведоа до смртни последици и енормни долгови, а шт

Пронајдете не на следниве мрежи: