Протестите кај хотел „Бристол“ исполитизирани

Аналитичарите во земјава тврдат дека протестите пред хотел „Бристол“ во Скопје имаат политичка заднина. Имено, познат активист на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на почетокот на месец јуни ја бранеше општина Центар од внатрешната страна, за време на протестите против стопирањето на изградбата на црквата Свети Константин и Елена.
Деновиве тој се  претставува како член на граѓанската асоцијација „Авангард“, а синоќа можевме да го видиме и во дневникот на Телма. 
Пораталот Курир дојде до информации кои покажуваат дека Матевски, кој се претставува како член на Граѓанската иницијатива е нововработен во општина Центар без конкурс, преку Агенција за привремени вработувања.
Матевски бил вработен во општина Центар и за време на протестите на 6-ти јуни, каде може да се забележи со беџ на себе на снимката од А1он во внатрешноста од општината.  Но, дали тој е вработен во општината Центар сеуште не се знае.
Со ова и аналитичарите сметаат дека целиот инцидент пред хотел „Бристол“ е исполитизиран и има некоја задна цел. 
„Гледајќи кои луѓе се неформални организатори на протестите (познати функционери, членови или симпатизери на СДСМ, ЛДП и други партии), несомнена е политичката заднина, односно проѕирноста на обидот за политичка, па дури и партиска инструментализација на граѓаните врз основа на еколошки проблеми“, смета професорот Тони Науновски.Имено, познат активист на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на почетокот на месец јуни ја бранеше општина

Пронајдете не на следниве мрежи: