Противењето главен двигател на политиките на владата на Заев

Министерката за образование и наука Рената Дескоска не пропушти можност и шанса уште во нејзиното прво интервју во емисијата „Отворено“ на 24 Телевизија да излезе со ставови спротивни на интересот на сегашните и идни студенти, најавувајќи затворање на студии, факултети и универзитет, со што ја ускратуваат можноста на голем број студенти да можат да студираат, со што го прават високото образование достапно само за малкумина.„Високото образование за мене е посебен предизвик, бидејќи тоа практично тоа е моето професионално милје од каде што доаѓам. Мислам дека треба да работиме на воведување квалитет на високото образование а не квантитет во високото образование. Досегашната Влада одеше на квантитет на штета на квалитет. Нема потреба од толку многу универзитети колку што се отворија во Република Македонија“, изјави Дескоска во интервјуто.
 
 

Ваквите најави на Дескоска се реализираа вчера, кога со одлука на Влада и УКИМ се укинаа и дисперзираните студии на скопскиот универзитет и со тоа практично им се одзема можноста  на голем број на студенти кои немаа материјална и друг вид на можност да дојдат во главниот град и да студираат, тоа да можат да го направат во својот град или во место во нивното непосредно опкружување.
Со ваквите свои дејствувања Дескоска практично најавува дека повторно СДСМ сака да го направи високото образование привилегија само за „одбраните“ како што тоа беше во времето на нивното претходно владеење, кога на факултет се запишуваа само оние кои имаа да платат по 800 евра партиципација годишно, цена која што кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ја симна на 400 евра за студентите во приватна квота и 200 евра во државна квота.
Дескоска покрај тоа што ги укинува дисперзираните студии, таа најави и затворање на универзитетот „Дамјан Груев“.
-Во текот на собраниската дебата за Универзитетот „Дамјан Груев“ ја во тој период бев пратеник и бев против како пратеничка група бевме против отворање на овој Универзитет, заради тоа што сметаме дека Македонија нема потреба од отворање на нов Универзитет. За среќа тој факултет не е отворен“.
 

Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ вчера регаираа дека СДСМ продолжува со катастрофалните политики и укинува бенефиции кои им биле достапни на граѓаните во изминатите години.
-СДС ги укинува дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да направи анализа на досегашните резултати, без да го почитува високиот интерес за овој тип на студии и конечно без да спроведе, како што често милуваат да кажат – јавна дебата за носење на оваа одлука. Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е тоа што дисперзираните студии се идеја, односно мерка воведена од страна на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ со цел обезбедување на што поголема достапност на високото образование за сите граѓани, истакна Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.
Потенцираше и дека достапноста на образованието се овозможи со неколку крупни чекори.
-Петкратното намалување на партиципациите, отворањето на трите нови државни универзитети и 32 факултети и конечно, отворањето на дисперзираните студии кои се покажаа како извонредна можност која секоја година ја искористуваа околу 15% од вкупниот број на граѓани што го продолжуваа образованието на високо образовна установа. Во реална бројка, тоа се годишно од 2.000 до 2.500 студенти кои наместо да патуваат секојдневно или да се преселат во друг град поради уписот на факултет, одлучуваа да студираат во своето родно место, односно место на живеење или во неговата непосредна околина. Тоа им овозможуваше да заштедат средства по основ на патување, сместување и исхрана, но и да заштедат средства по однос на уписнина, со оглед на тоа што студирањето на дисперзираните студии каде предаваат истите професори и се учи по истите наставни програми, материјали и учебници од кои се учи и на матичните високо образовни установи од каде се изведени, чини само 100 евра годишно.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ укинува една благородна мерка која во изминатите 9 години ја искористија околу 20.000 граѓани и мерка која придонесува и за економско социјален, но и демографски развој на сите останати региони во земјата.
-Во обид да го избалансираат револтот кој очекувано ќе биде инициран од ваквата одлука, СДС бесрамно најавува дека од годинава за прв пат, за одредени студиски програми се предвидува намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства. Јавноста треба да знае дека оваа мерка е усвоена од ВМРО–ДПМНЕ, како дел од минатогодишниот пакет 40 мерки за млади, од кои, најголем дел веќе успешно се имплементираат. Оваа бенефиција за студентите ја најави претседателот Никола Груевски во февруари 2016 година и истата е уредена како системско решение во рамки на Законот за високо образование, а дополнително беше донесен и подзаконски акт.
Всушност, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, СДС никогаш ништо не им дал на студентите, кои во времето на нивното владеење имаа статус на социјална категорија. Не постоеше широк систем на стипендирање, како што постои денес со повеќе од 40-тина различни видови стипендии. Не постоеја бесплатни учебници и стручна литература. На факултетите немаше лаборатории за реализација на практичната настава, а денес има 80 најсовремени такви. Не постоеше јавниот бесплатен превоз, бесплатниот железнички превоз, бесплатното наградно патувања за најдобрите студенти, бесплатниот влез во сите културни државни институции.„Високото образование за мене е посебен предизвик, бидејќи тоа практично тоа е моето професионално милје од каде што доаѓам. Мислам дека треб

Пронајдете не на следниве мрежи: