Протокол за Соработка меѓу Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Свети Апостол Павле“ и Универзитетот „Џумхуријет“ од Турција

Ректорот Нинослав Марина и Ректорот Фарук Коџаџик потпишаа Протокол за меѓународна соработка меѓу Универзитетот за Информатички Науки и Технологии “Свети Апостол Павле” и Универзитетот „Џумхуријет“ од Сивас, Турција.Овој Протокол ја опфаќа заедничката научна работа како и образовната и културната соработка помеѓу Универзитетот „Џумхуриет“ и Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

Потпишувањето на овој Протокол е со цел да се поттикнат истражувачките и образовните приоди на Универзитетот „Џумхуриет“ и Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во рамките на нивните взаемни интереси како и односите помеѓу наставниот, соработничкиот, истражувачкиот кадар и студентите од двата Универзитети, да се развијат постоечките односи, да се овозможи заедничка примена на истражувачката работа и објавување на резултатите од истата, како и да се пренесат искуствата на двете страни во образовните приоди и заедничките научни организации.

Оваа соработка ја иницираше проф. Братислав Станковиќ, професор на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и државен советник за наука и технологија. Таа претставува дел од програмата на Универзитетот за информатички науки и технологии за интензивирање на меѓународната научна соработка.Овој Протокол ја опфаќа заедничката научна работа како и образовната и културната соработка помеѓу Универзитетот „Џумхуриет“ и Уни

Пронајдете не на следниве мрежи: