Често земаме здраво за готово дека луѓето имаат само пет сетила и дека сето она што не може да се објасни со помош на модерната наука претставува некаква аномалија.Мајсторот Канзава Сенсеј може да разменува енергија со животни и да ги заспива.
Оние, коишто ја применуваат уметноста на медитацијата веќе илјадници години се поврзани со суптилната чи енергија, животната енергија која ги движи сите живи суштества. Мајсторите кои ја собираат и користат оваа енергија, отсекогаш можеле да спроведуваат неверојатни трикови кои бараат голема концентрација.
Меѓутоа, Западот отсекогаш ги има отфрлувано таквите техники и ги има ословувано како „магија“.
Кигонг е пракса на собирање енергија, а јапонскиот мајстор за чи, Канзава Сенсеј, познат е по своите способности за контролирање на животните со помош на умот и чи енергијата. Тој стои покрај животните и го фокусира умот на нивно заспивање.
Мајстор Канзава гостуваше во една емисија на телевизиската програма „Суперлуѓето на Стен Ли“, кадешто посетил ранч за алпаки во Калифорнија и ги заспивал сѐ до една, изненадувајќи ја сопственичката на ранчот Сесилија Сека.
Сопственичката изјавила дека мајстор Канзава по снимањето дури и успеал да исцели едно повредено животно.
„Една од моите алпаки тоа утро се однесуваше многу чудно. Беше скоро парализирана во задните нозе и колкот. Не можеше да јаде бидејќи и вилицата ѝ беше парализирана. Ѝ дадов банамин, но не ѝ беше подобро. Му реков на мајстор Сенсеј за неа и отиде да ја посети кон крајот од денот. Мајстор Сенсеј стоеше на метар ипол од неа и почна да насочува чи енергија кон неа. По 20 минути, таа целосно закрепна, почна да се движи и јаде. Никогаш претходно немаше такви симптоми“ – напишала сопственичката на сајтот за ранчот.
Енергијата на телото е една од нашите вродени супермоќи, но многумина од нас не умеат да ги користат и ги сметаат за чудаци сите оние коишто знаат како да го прават тоа.
Постојат мајстори за чи кои ги откриваат своите тајни на светот, така што сите можеме да ја користиме својата суптилна енергија на начинот на којшто тоа го прави мајстор Канзава.Мајсторот Канзава Сенсеј може да разменува енергија со животни и да ги заспива.
Оние, коишто ја применуваат уметноста на медитацијата веќе



