Во Германија во Минхен, во куќа чии сопственици заминале на одмор, провалил триесет и деветгодишен бездомник, кој го нашла соседката која била задолжена да наминува во куќата додека тие се отсутни од својот дом.
„Сосетката нашла непознат маж како ја обработува градината на соседите кои се на одмор и го запрашала што прави, а тој и одговорил дека мора да го полева цвеќето “ – се наведува во соопштението на полицијата во Минхен.
Провалникот кој е Турчин без постојано место на живеење, во понеделникот влегол во куќата во која се однесувал како да е дома, тоа можело да се забележи по неговиот начин на однесување. Тој се расовлекол, својата облека ја ставиил во машината за перење заедно со неговите чевли.
Полицијата известува дека тој дури и се пресоблекол во облека која ја нашол во ормарот на своите „домаќини“ а влегол и во кујната каде добро се најал. Во Германија во Минхен, во куќа чии сопственици заминале на одмор, провалил триесет и деветгодишен бездомник, кој го н