Цитронот содржи многу состојки кои помагаат во борбата против настинките, спречуваат одредени видови на рак и срцеви болести. Содржи многу малку калории, малку натриум, но многу калиум и ензими кои поттикнуваат согорување на маснотии.Цитронот содржи многу состојки кои помагаат во борбата против настинките, спречуваат одредени видови на рак и срцеви болести. Содржи многу малку калории, малку натриум, но многу калиум и ензими кои поттикнуваат согорување на маснотии.
Цитронот содржи многу вода, скоро 90%, а консумирањето на овошје со висок процент на вода го поттикнува внесувањето на течности во организмот. Според истражувањето, зголеменото внесување на вода дава повеќе енергија и помага за забрзување на метаболизмот. Во секој случај, никако нема да имате штета доколку јадете цитрони редовно бидејќи нема масти, содржи малку калории и натриум, полн е со витамин Ц, и содржи бета каротен.
Сепак, треба да обрнете внимание бидејќи поголеми количини на цитрони можат да влијаат на дејството на одредени лекови, што потенцијално може да предизвика сериозни нуспојави. Цитронот ги инхибира ензимите во дигестивниот систем, кои се задолжени за природно разградување и апсорпција на многу лекови. Кога се блокираат тие ензими, нивото на лековите во крвта се зголемува што може да доведе до нуспојави како труење. Затоа, доколку земате лекови, консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете да консумирате поголеми количини цитрони.
Диетата со цитрони е нискокалорична диета, која нутриционистите не ја препорачуваат, иако е многу популарна. Оваа диета настанала во 30-ите години на минатиот век. Обично трае 12 дена во текот на кои можете да изгубите околу 5 килограми ако правилно ја спроведувате. Доколку сакате да ја повторите морате да направите барем 2 дена пауза пред почнувањето на новиот циклус. Во текот на диетата дневно се внесуваат околу 800 калории, и како што кажува самото име на диетата, многу цитрони што го забрзуваат метаболизмот. Со секој оброк треба да изедете по половина цитрон или да испиете 250 мл. сок од цитрон.
Во диетата се забранети повеќето сложени јаглехидрати како компир, целер, грашок, житни снегулки, пченка, скробен зеленчук, тестенини, џемови, переци и сл. Се поттикнува консумирање на многу зеленчук кој можете да го подготвувате на путер (домати, пиперки, краставици, моркови, кромид, ротквици, брокула, праз, спанаќ, зелје, грав, зелена салата …). Дозволено е да се пие кафе или чај.
На следната страница ќе го видите режимот за еден ден консумирање на цитрон:
Појадок:1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон 2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитронмесо подготвено на кој било начин и во која сакате количина салата или зеленчук подготвен на путер.
Вечера:1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитронмесо или риба подготвени на кој било начин салата 1 шолја кафе или чај
Пред спиење 250 мл. сок од домати или 250 мл. немасно млеко
ВАЖНО: Пијте доволно течности, барем 8 чаши вода дневно. Водата е важна за сите телесни функции, а нема калории. Придржувајте се на точно наведените количини на цитрони или сок од цитрони. Цитронот делува како катализатор кој го поттикнува процесот на согорување на маснотии. Иако кафето е дозволено, обидете се да не пиете повеќе од 1 шолја дневно бидејќи влијае на нивото на инсулин. Не јадете помеѓу оброците. Придржувајте се само на планираните оброци. Во текот на оброкот, изедете доволна количина за покасно да не огладните. Можете два пати или три пати да ги зголемите порциите на месо, салата или зеленчук. Немојте се да исфрлите од исхраната, особено сланината за појадок и салатите. Овие комбинации ги согоруваат маснотиите, а нивното изоставање може да влијае на успешноста на диетата. Вежбањето во текот на диетата не се препорачува поради ограничениот внес на калории. Оваа диета не обезбедува доволно калории за вежбање.Цитронот содржи многу состојки кои помагаат во борбата против настинките, спречуваат одредени видови на рак и срцеви болести. Содржи многу ма



