Проверете дали имате симптоми на социјална ФОБИЈА!

 
Многумина ја мешаат социјалната фобија со срамежливост, но тие воопшто не се исти. Социјалната фобија е анксиозност што ги попречува секојдневните социјални ситуации. Се карактеризира со претерана самосвесност и вознемиреност и ја попречува способноста на индивидуата да функционира на работа, училиште или во односите со другите луѓе. Околу 15 милиони луѓе во САД страдаат од оваа фобија, но иако типичната возраст на која се појавува е 13 години, мнозинството одлучуваат да побараат стручна помош многу подоцна, заради стравот дека ќе бидат посрамотени или понижени. Оваа состојба е честа и упорна, па затоа, проверете дали имате некој од овие симптоми и доколку се пронајдете во повеќето побарајте стручна помош.
  
 
-Се чувствувате удобно само со одредени луѓе
Наместо да се обидуваат да склопат нови пријателства, луѓето со социјална фобија се зближуваат само со еден или двајца луѓе. Овие луѓе им се важни, бидејќи ги прават да се чувствуваат разбрано, удобно и безбедно. Иако им е лесно да комуницираат со тие луѓе на само, оние со социјална фобија не можат да комуницираат со истите луѓе кога се наоѓаат во поголема група.
-Паника на јавни места
Личноста со социјална фобија се чувствува напнато на отворено место. Тие се убедени дека сите зјапаат во нив, иако тоа не е логично. Ова многу ги отежнува излегувањата од дома бидејќи ги прави стресни.
-Замислување на срамни сценарија
Луѓето кои страдаат од оваа фобија постојано си замислуваат сценарија во кои се ужасно посрамени или направиле нешто глупаво и ужасно. Ова чувство се појавува кога среќаваат некој за прв пат, на работа или на забава. Овие сценарија, иако звучат невозможно, се исцрпувачки.

-Самокритичност
По интеракција со луѓето, личноста која страда од оваа фобија може да мине часови размислувајќи на она што го кажала, како се однесувала, што кажал другиот и како ги перцепирале.
-Опсесивност за конкретни социјални стравови
Најчест страв е оној од јавно говорење. За многумина, говорењето пред други луѓе прави да се вкочанат. Други пак, чувствуваат страв од повообичаени работи, како јадење, пишување, па дури и зборување на телефон во присуство на други луѓе.
-Склоност кон паничење
Кај некои луѓе оваа фобија е толку силна што добиваат напади на паника проследени со екстремна анскиозност, и емоции што се толку силни и тие се убедени дека можат да умрат и често бараат помош од доктор.
 
  
 
-Се чувствувате удобно само со одредени луѓе
Наместо да се обидуваат да склопат нови пријателства, луѓето со

Пронајдете не на следниве мрежи: