Проверете дали сака сериозна врска или минлива авантура?

Пред да влетате во сериозна врска, проверете ја оваа листа за да видите дали имате исти намери …
Однесување во јавност
Ако дечкото со кој се забавувате не ве испушта од рака, додека сте во неговиот / вашиот дом, а во јавност, дури ни со малиот прст не ве допира, е јасен показател дека не сака да се ве претстави пред другите како пар… барем не сеуште.
Начин на забавување
Оној внимателниот ќе направи нешто за да ве импресионира, но, исто така, покажува и голем интерес за вас и вашиот живот. На пример, ќе избере добар ресторан, суптилен е, но се интересира да поставува прашања во врска со вашите желби и интереси и дискретно ќе истакне некои негови атрибути кои би можеле да ве заслепат. Некој кој ве гледа како “минлива приказната” нема да вложува многу напор.
Неговите пријатели
Ако има голем број на пријатели, а ве запознал само со неколку, ова може да биде добар знак дека не гледа на вас како на постојана фигура во неговиот живот.Пред да влетате во сериозна врска, проверете ја оваа листа за да видите дали имате исти намери …

Пронајдете не на следниве мрежи: