Проверете дали сте ЛУДО ВЉУБЕНИ!

Веќе некое време  се чувствувате чудно, некои нови чудни чувства ве обземаат. Се чувствувате некако поинаку, а сепак среќно.  Токму таа интересна девојка не ви излегува од глава, на неа ѝ припаѓаат сè поголем дел од вашите мисли.
 Се смешкате секогаш кога ќе ви текне на нешто што е поврзано со таа личност. Сакате секогаш да бидете во нејзино друштво. Пријателите ви велат дека сте променети. Ништо страшно вие сте само заљубени. Прочитајте и откријте дали сте заљубени.
Тотално ја заборавивте вашата поранешна партнерка
Имавте долга врска која неславно заврши. Бевте многу повредени и ранети, па се повлековте во себе, многу пати се прашувавте каде згрешивте, што ли се случи. Но, откако оваа нова девојка влезе во вашиот живот, како со гума да ги избриша сите тие прашања. Воопшто и не ви паѓа на паѓа на памет вашата бивша девојка. Новата девојка во вашиот живот ви донесе нова возбуда и среќа.
Не можете да престанете да мислите на неа  
Постојано ви е во мислите, ја сонувате, размислувате, копнеете за моментот ког а ќеја видите повторно . ДА, тоа е сигурен знак дека се заљубувате.
Не ви пречат и речиси не ги забележувате нејзините чудни навики  
Кога јаде, го распоредува зеленчукот на секоја боцка на виљушката пред да го стави во уста, во чантата секогаш носи чадор за секој случај. Понекогаш се однесува чудно и детинесто, но вам тоа ви е симпатично.
Се грижите за неа  
Се грижите за нејзините желби и потреби, важно ви е што таа сака, што ѝ пречи. Сакате да ја гледате насмеана и весела. Се вознемирувате ако таа има лош ден, сакате да исчезнат сите нејзини грижи.
Сакате целото време да го поминувате со неа
 Нема ништо подобро за вас од времето поминато во нејзино друштво. Сè што посакувате е да бидете покрај неа.

 

Чувствувавте посебна хемија меѓу вас
Кога сте во нејзина близина блескате, треперите, чувствувате трпки по телото кога ќе ве допре. Но доколку овие телесни симптоми на поврзаност се надополнуваат и со слични сфаќања, желби и интереси, на сигурен пат сте кон сериозно заљубување.
Таа ви станува приоритет
 Пред да ја сретнете неа вие бевте непоправлив зависник од работа. Но откако таа е во вашиот живот, работните активности повеќе не ви се приоритет. Таа ви е поважна од сите ваши обврски.
Воопшто не забележувате други девојки
 Откако таа е во вашиот живот речиси и да не ги забележувате другите девојки околу вас. Воопшто и не посветувате внимание на долгоногите убавици кои до пред извесно време ви беа слабост. Оваа девојка го задржува целото ваше внимание.
Не ви пречи да направите компромис
Немате ништо против да ги исполните нејзините желби, па макар ако тоа би значело цела вечер да гледате романтични филмови со неа наместо да одите на пиво и фудбал со пријателите. Желбата да бидете со неа е посилна од сите останати.
Кога размислувате за иднината и таа е секако дел од неа
Секој од нас поретко или почесто размислува за својата иднина, планира, организира одредени идни активности. Но одеднаш таа се наоѓа во сите ваши идни планови. Не можете да ја замислите својата иднина ако ТАА не е дел од неа. Токму таа интересна девојка не ви излегува од глава, на неа ѝ припаѓаат сè поголем дел од вашите мисли.
 Се сме

Пронајдете не на следниве мрежи: