Повеќе од 11 бемки на раката укажува на можноста од зголемен ризик за појава на меланом, покажува британско истражување кое го пренесе ВВС.Бројот на бемки на десната рака е добар показател за вкупниот број на бемки на телото, откриле научниците.
Над стотина покажуваат на пет пати зголемен ризик од појава на рак на кожа. Тоа би можело да им помогне на лекарите од општа пракса да откријат кои личности се изложени на најголем ризик.
Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, во истражувањето користеле податоци земени од три илјади близнаци во Британија. Тие проучувале поголема група сестри близначки во период од осум години, собирајќи податоци за видот на кожата, пегите и бемките.
Откако истите методи ги примениле на помала група од 400 мажи и жени кои заболеле од меланом, дошле до брз и едноставен начин да го проценат ризикот за појава на рак на кожата.
Жените со повеќе од седум бемки на десната рака имале до девет пати поголем ризик да имаат повеќе од 50 бемки на целото тело. Оние со повеќе од 11 бемки на таа рака имале поголеми шанси на целото тело да имаат над стотина бемки, што значи дека имале поголем ризик од појава на меланом.
Резултатите од истражувањето се објавени во научниото списание British Journal of Dermatology.Бројот на бемки на десната рака е добар показател за вкупниот број на бемки на телото, откриле научниците.
Над стотина покажуваат на пет па


