Проверете што претставува вашиот датум на раѓање

Вековните стремежи да се одгонетне карактерот на луѓето, му имаат дадено на овој свет и на човештвото многу техники кои ни овозможуваат да дознаеме нешто за карактерот на луѓето кои ги познаваме и со кои се дружиме. Една од нив е астронумерологијата.
Таа овозможува да се одгонетне карактерот на личноста по многу едноставен пат, ако се знае датумот на раѓањето.
Потребно е да се соберат бројките од датумот на раѓањето: на пример 24. 09 1969 год. = 2+4+9+1+9+6+8= 39 = 3+9 = 12 = 1+2= 3. Потоа треба да се прочита значењето на така добиениот број.
Секој ден е поврзан со една планета на Сончевиот систем и со еден број. Денот кој е во врска со планетата и со бројот се смета за идеален за сите работи. Исто така се смета дека и броевите кои во себе го содржат добиениот среќен број се поволни и среќни: на пример: 3 = 12 = 21 = 30 = 39 = 48= …
Според некои астронумеролошки толкувања постои следната врска меѓу броевите и нивното значење, деновите во неделата и планетите со карактерот на личноста: (проверете!)
Број еден = СонцеНедела е ден на Сонцето и на бројот еден. Луѓето родени под овој број се вистински водачи. Таа улога најмногу им одговара и тоа на сите полиња. Нивниот карактер е снажен. Упорни се и силни во остварувањето на своите цели. Големи се индивидуалисти и тоа во се; прво тие па сите останати. Многу се креативни, за нив секој материјал претставува предизвик. Тоа е број на иноватори, победници, водачи, но понекогаш и на егоцентричен и бескрупулозен тиранин. Но сепак, еден е многу снажен број и дарува среќа, снага и успех на личностите кои се родени под овој број.
Број два = МесечинаПонеделник е ден на Месечината и на бројот два. Луѓето родени под овој број се тивки, пасивни, нежни. За нив животот е непрекинато размислување, а не акција. Шармантни се, поседуваат силна интуиција, но можат да страдаат од недостаток на самодоверба. Уметнички се настроени. Можат да бидат превртливи, па дури и итри, но и пречувствителни и депресивни. Добро се сложуваат со својата спротивност, т.е. со луѓето чиј број е еден.
Број три = ЈупитерЧетврток е ден на Јупитер и на бројот три. Родените под овој број се енергични, упорни и дисциплинирани. Постигнуваат успех во сите области со кои се прифаќаат. Не се задоволуваат со мали резултати. Горделиви се, независни, многу талентирани и обожаваат да делат совети на другите. Бројот три е број на тројството. Овие личности се сложуваат со сите родени под овој број, како и со личностите родени под броевите 6 и 9.
Број четири = УранНедела е ден на уран и на бројот четири. Тоа е магичен број: број на годичните времиња, број на елементи, стрелка на компасот ориентирана кон земјата. Луѓето родени под овој број се упорни, издржливи, практични, урамнотежени. Но бројот четири претставува и квадрат кој ја содржи сопствената спротивност. Тоа на овие луѓе им дава бунтовништво и неконвенционалност, тешко склопуваат пријателства, често се чувствуваат осамени меѓу толпата луѓе. Луѓето родени под броевите 1, 2, 7, 8 им се најдобри пријатели и партнери.
Број пет = МеркурСреда е ден на Меркур и на бројот пет. Ова е број на петте сетила. Луѓето родени под овој број ги користат своите сетила максимално. Тие се темпераментни, импулсивни, брзо мислат и зборуваат. Добро учат странски јазици. Уживаат во задоволствата, добри се трговци, спремни се на разни ризици и шпекулации, секогаш се полни со пари. Ако и им се случи неуспех, многу брзо пронајдуваат решение за новонастанатата ситуација. Лесно склопуваат пријателства со луѓето родени под било кој број, но најдобро со оние чиј број е пет.
Број шест = ВенераПеток е ден на бројот шест и на планетата Венера. Ова е среќен број: го сочинува збирот 1+2+3. Урамнотежен е и хармоничен. Поврзан е со овоземската среќа и благосостојба. Венера на овие луѓе им дава љубов, среЌа во семејниот живот, убавина, сензуалност. Тие мразат било какви несогласувања, и секогаш се тука да ја пронајдат правдата и воспостават рамнотежа. добро се сложуваат со луѓето од било кој број, затоа што тие се потребни на секого.
Број седум = НептунПонеделник е ден на Нептун и на бројот седум. Личностите родени под овој број носат нешто спиритуално и филозофско во себе. Погледот им е често замислен и меланхоличен, без сјај. Интуитивни се, со силни телепатски способности, склони се кон окултно, незаинтересирани се за материјалните работи. Понекогаш се видовити. На другите луѓе им делуваат мистериозно. Најдобро се сложуваат со луѓето родени под нивниот број седум.
Број осум = СатурнСабота е ден на Сатурн и на бројот осум. Ова е необичен и тежок број. Означува 2х4 и во себе содржи бунтовничка спротивност на тој број. Така овој број може да означува страдање, но и огромен успех. Овие луѓе се големи индивидуалисти, често се несфатени од страна на другите луѓе, надворешно можат да делуваат ладно, но во длбочината на душата се нивните длабоки , јаки и интензивни чувства. Се сложуваат со луѓето чиј број е 4 или 8.
Број девет = МарсВторник е ден на Марс и бројот девет. На овој број му се припишува религиозно значење и божји благослов. Кога ќе се помножи со било кој број тој сам себеси се репродуцира ( 2х9=18, 1+8=9; 3х9=27, 2+7=9 и тн.). Овие луѓе се храбри, активни и решителни, успеваат на сите планови. Можат да бидат тврдоглави и кавгаџии. Добро се сложуваат со луѓето родени под броевите 1, 3, 5 и 9. Една од нив е астронумерологијата.
Таа овозможува да се одгонетне карактерот на личноста по многу едноставен пат, ако се знае датумот на ра

Пронајдете не на следниве мрежи: