Србите во Косово се само три отсто, а имаат многу повеќе права од Албанците во Македонија, кои се над 30 отсто, рекол Тачи во изјава за хрватски „Национал“, додавајќи дека изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е регуларен.
Нова провокативна реторика и вмешување во внатрешните работи на Македонија упати косовскиот претседател Хашим Тачи. Како што пренесе МИА, Тачи во изјава за хрватски „Национал“ рекол дека албанското население во земјава е над 30 отсто, а додал дека и дека Талат Џафери е легитимно избран за претседател на Собранието.
– По сите случувања избран е претседател на Парламентот, Талат Џафери, кој е Албанец. Но пред сè она што сакам да го кажам е тоа дека јас верувам оти Македонија е мултиетничка и европска држава, каде никој не може да ја дискриминира албанската заедница – рекол Тачи.
Тој направил споредба со бројноста на српското население на Косово и албанското население во Македонија.
– Тие имаат свои лидери кои делуваат во согласност со законите на Македонија. Да направам една споредба, Србите во Косово се само 3 отсто, а имаат многу повеќе права од Албанците во Македонија, кои се над 30 отсто – рекол Тачи, додавајќи дека се гордее со правата што ги уживаат Србите во Косово.Тачи оценил дека Косово има многу добри односи со Македонија, но посочил прст дека вината за кризата е во нашата држава, а не надвор.
– Изворот на оваа политика криза е во Скопје, каде што е и решението, а не во Косово или некаде надвор од Македонија. Сакам да кажам дека врз тоа нема влијание никој од надвор. Ние нудиме целосна поддршка за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ и секогаш ќе работиме во изградбата на што подобри добрососедски односи – рекол Тачи.Нова провокативна реторика и вмешување во внатрешните работи на Македонија упати косовскиот претседател Хашим Тачи. Како што пренесе МИА, Тачи во и