Некогашниот менаџер и добар пријател на Нино Решиќ, Нермин Адемовиќ, е еден од ретките кои до последниот ден од животот бил со пејачот. Токму поради тоа има право да го изнесе своето мислење за оние луѓе кои денес, скоро после 10 години од смртта на пејачот, се „закачија“ за неговото име сакајќи да си придадат значење на себе си. Посебно тоа се однесува на неговата ќерка Сандра, вели тој, која се натпреварува во Ѕвездите на Гранд.Повеќе не можев да ги слушам лагите кои ги изнесува Сандра Решиќ. Таа собира поени фалејќи се дека била до последниот момент со Нино во Бјелина, што е чиста лага. Таа тврди дека знае во какви маки починал нејзиниот татко, не знам врз основа на што го тврди тоа, кога не ни беше со него кога тој почина. Цела таа несреќна ситуација се одигра за неколку дена и никој не претпоставуваше дека ќе се случи најлошото – раскажува некогашниот менаџер на популарниот пејач.
Нино зад себе остави 3 ќерки од 3 брака, меѓу кои е и Сандра. Иако таа денес со гордост кажува дека е негова ќерка, се зборува дека Нино не е нејзин биолошки татко. Имено, голема прашина се крена околу дневникот кој го водеше Нино се до својата смрт и кој содржи детали од неговиот живот, но се шушка дека тие дневници кријат големи тајни за кои денес никој не знае.
Беше 2007 година. Нино повеќе од времето поминуваше во Бјелина каде работевме на неговиот нов албум. Јас и Небојша му бевме многу блиски пријатели на Нино и му помагавме околу кариерата, јас во главно ги водев менаџерските работи, а Небојша го возеше по настапи и каде и да треба. Се сеќавам како сега. На 18-ти октомври добив порака: „Брату, на Нино денес му е лошо, бевме на доктор и ни препорачаа да остане во болница, но Нино не сакаше, те молам дојди вечерва да бидеш со него бидејќи имам некои работни обврски“. Негде приквечер со пријатело Ведад тргнав за Бјелина, мислејќи дека Нино има некоја настинка и дека не е ништо сериозно. Кога стигнавме таму Небојша брзаше за на работа, а Нино спиеше во својата соба. Тогаш Небојша ни кажа да му отвараме прозорец на секој половина час бидејќи добива страшни напади, па да има воздух.
Нино не сакашеда оди на доктор иако имаше силни болки и чести напади. Околу 22 часот веќе му беше многу лошо и му реков дека мора да оди на доктор без никакви изговори. Едвај одеше, со наша помош дојде до автомобилот и тогаш го однесовме во болница во Бјелина. Таму ни кажаа дека веднаш мора да го однесеме на хирургија. Тој повеќе не можеше да оди па го ставивме во инвалидска количка и брзо го одведовме на одделение. Таму не пречека доктор и веднаш не праша дали пациентот е алкохоличар. Не знаев што да му одговорам освен дека последнте 7 дена нема пиено алкохол. Го одведоа во салата, а ние останавме да чекаме, помина и полноќ а ние немавме никакви вести, не си ни надевавме на најлошото. Во тој момент се појави докторот и го кажа тоа што не сакавме да го слушнеме: „Го изгубивме, се обидовме со реанимација, но не реагираше…“, беше тишина, не можев да верувам што слушам, вели Нермин и додава:
Околу 2-3 часот по полноќ бевме во неговиот стан, сите молчевме, не знаевме што да кажеме бидејќи ваков резултат никој не очекуваше. Се договоривме погребот да биде во сабота во неговото родно место Босанска Дубица. Утрето купивме венец, ни се јави и Драгана Мирковиќ која исто така рече дека ќе купи венец. Ни се јавија многу луѓе да не прашаат дали е вистина. Знам дека тој ден во Бјелина дојде и неговиот брат Дејан и Сандра. Во саботата стигна и неговиот чичко кој кажа дека погребот ќе се одвива според исламските обичаи. Се сеќавам дека на погребот беа неговиот кум, роднината Самир, Јасна, Халид Муслимовиќ, Фаризада Чамџиќ и неговиот чичко и останати поблиски роднини. Имаше доста роднини, точниот број неможам да го кажам не се сеќавам, но меѓу нив не беше неговиот брат Дејан и Сандра кои претходно дојдоа во Бјелина.
Голема улога во сето ова игра и неговиот дневник во кој бележеше се за својот живот и тој дневник крие големи тајни. Знам дека јас сакав да го земам и да го дадам на ќерка му Амела која живее во Америка, но бидејќи таа не сакаше да дојде по него јас го вратив кај Небојша и не знам подоцна што се случи со него. Потоа сакав да објавам ЦД со некои негови необјавени песни, но се премислив бидејќи ќе почнеа приказни дека сакам да заработувам благодарение на неговото име. Постојат некои работи од животот на Нино кои ги знам и кои никогаш нема да ги објавам, постојат и некои луѓе кои денес се познати, а за кои Нино ми раскажуваше некои чудни работи, завршува Адемовиќ.
Нино Решиќ е роден 22. јануари 1964 година во Босанска Дубрица и имаше снимено 15 албуми. Нино со нас не е веќе од 18/19 октомври 2007 година кога одненадеш почина. Нино беше пејач кој жареше и палеше на фолк естрадата во деведесетите години.
Повеќе не можев да ги слушам лагите кои ги изнесува Сандра Решиќ. Таа собира поени фалејќи се дека била до последниот момент со Нино во Бјелина, шт