Цел живот градиме пруга кон Бугарија, а како тргнало ќе ни треба уште два животи

Така некако. Цел живот градиме пруга кон Бугарија, а како тргнало ќе ни треба уште два животи… Далечната 1994, значи пред скоро 25 години или четврт век се градеше истава пруга – за Бугарија. Беше големо и помпезно ветување на госн Бранко Црвенковски. Ако победат тоа ќе правеле. И победија, и нити направија нити срам и перде имаа. Па така поминаа четврт век и сега пак ПРИГАТА. Пак ќе се правела. Пак грантови, пак кредити. Овде ќе ви приложам слики од 1994 година да видите кај беше светот. А каде е сега. Но ние смело, храбро пак за пругата…
Таа 1994 Бисти Бојс го објавија спотот Саботажа.

А Тарантино го направи Палп Фикшн кој потоа стана култен филм…
Долу на југот Нелсон Мендела стана претседател на Јужна Афричка држава. Човекот беше претседател и си почина во 2013… ама ние пруга правиме…
Таа 1994 Мајкл Џексон се ожени со Лиза Мери Присли, единствено дете на Елвис Присли… А ние пруга правевме. 
Беше снимен и прикажан прочуениот филм Форест Гамп. Филмот го издигна Тон Хенкс на ниво на икона во таа индустрија. Ама ние пруга правевме… 
Таа далечна 1994 интернетот стана алатка. Се формираа Амазон и Јаху. Сега веќе секој можеше да допре до секој на планетава. Но, ние пруга градевме… Таа иста година и Плејстејшнот се појави и ги смени животите на сите наредни генерации… ама пругата господа… Таа година се одржа и светско првенство во Фудбал. Победник беше Бразил. Ја освоија нивната 4та титула. 
Србите го нападнаа Сараево, а ИРА обзнани прекин на непријателствата во Северна Ирска. Светот броеше само 4.3 милијарди луѓе. Јасер Арафат ја доби Нобеловата награда (и тој одамна е починат). Таа година умре Никсон… итн итн… Ама ние пруга почнавме да градиме. И уште ја градиме.
И така идам пред некое време во Куманово. Да ја видам пругата. Кај спомен костурницата. Таму минуваше и пред 30-40 години. Се качив по скалите накај споменикот. Да ја видам пругата. Знам дека ја реновираа пред десетина години. Ги извадија дрвените и поставија бетонски пречки за шините. Па си реков да видам до каде е пругата. Што е тоа ново што треба да се направи за тие силни милиони грантови и кредити.
И знаете што видов?! Пругата ја НЕМА. Немаше ништо. Ни шини, ни пречки. Само траса и КАЛ. Е тоа е таа наша пруга 25 години подоцна. ЈА НЕМА!!! НЕМА ТРАГА ОД ПРУГАТА. 
И којзнае дали некогаш воопшто ќе се доврши. Во нашиот животен век.
Молба: ова е авторски текст. Не го крадете. Како парите за пругата Ч)

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.