Под мотото „сите на Водно“, денеска ќе се одржи планинарската манифестација „Прв до врв 2016“.Оваа година во програмата има трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и олимписки пикник на целта кај врвот, каде ќе се одржи музички еко фестивал.
Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.
На врвот од 11 часот ќе започне еко музичкиот фестивал каде ќе настапат групата Бета Хаус, Слаткаристика и DJ Гоце САФ. Во 13 часот ќе се одржи церемонијата на прогласување победници, а настанот ќе трае до 16 часот.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Градот Скопје и со поддршка на деловната заедница.Оваа година во програмата има трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и олимписки пикник на целта кај врвот,