ПРВ И ПОСЛЕДЕН БАКНЕЖ: Ќе заплачете кога ќе сфатите кои се овие луѓе на фотографијата!

Чарлс Брус Пит за првпат ја бакнал својата мајка за неговиот роденден на 20. јануари 2014 година. Тогаш имал 73, а таа 88 години. Полин Лот била многу млада кога за неа почнал да се грижи Центарот за социјална работа во американската држава Мисисипи. Набрзо потоа, таа била префрлена во Дом за невенчани мајки. Државата гарантирала дека ќе ги покрие сите трошоци за нејзиното породување, но под еден услов – детето мора да оди на посвојување.Таа се породила на 20. јануари 1941 година и два месеци се грижела за бебето.
Кога дошол денот за посвојување, таа го облекла синот во син костум. Идните родители дошле и меѓу трите понудени деца го избрале нејзиниот син Чарлс. Таа имала само едно барање за нив – да го задржат името.
Со години таа копнеела по него. Не знаела дали тој трага по неа. Чарлс со децении ја барал жената која го родила. Иако живеел среќен и исполнет живот во новото семејство, тој се чувствувал осамено.
„Не знаев кој сум“, рече тој.
Година дена по неговата свадба, Чарлс во 1964 година заминал во Мисисипи за да ги проучи документите околу посвојувањето. Тој дознал како се вика неговата биолошка мајка, а го дознал и името на лекарот кој ја породил. Но, никако не можел да ја пронајде.

Потоа, тој направил список на сите телефонски броеви кои гласат на презимето Лот во Мисисипи.
„Навистина разговарав со многу луѓе. Никој не ја познаваше мојата мајка. Кога не успеав да го пронајдам моето вистинско семејство, во мене се роди страв дека ќе го посетам гробот, а не мојата мајка“, рекол тој.
Конечно, тој побарал помош од неговиот пријател кој имал искуство со генеалогија. Дознал дека братот близнак на неговата мајка, Џеси Пол Лот, во 1953 година настрадал во сообраќајна несреќа, а во посмртницата се спомнува името Полина како дел од ожалостените роднини. Синот на настраданиот брат, Рик Вард, поставил семејно дрво на страницата за генеалогија и пријателот ги поврзал работите.
За Божиќ 2013 година, Рик отворил мејл кој конечно ќе ги поврзе Чарлс и неговата мајка. Набрзо потоа, Чарлс разговарал со жената на која што не се сеќава, но знае дека бил дел од неа.
За неговиот роденден, на 20. јануари 2014 година, Чарлс дошол во Клубот на населбата за пензионери во кој живеела неговата мајка. Таа не знаела дека тој доаѓа и дошла во клубот мислејќи дека само ќе го провери мејлот. Таа го здогледала синот, го погледнала во очи и го гушнала. За прв пат, по цели 73 години, Чарлс ја бакнал во образ својата мајка.
Тие поминале 3 дена заедно и оттогаш секој ден комуницираат преку телефон.
„Сега знам кој сум и од каде доаѓам“, заклучил Чарлс.Таа се породила на 20. јануари 1941 година и два месеци се грижела за бебето.
Кога дошол денот за посвојување, таа го облекла синот во син

Пронајдете не на следниве мрежи: