Во страшна несреќа која се случила во вторникот рано наутро во Истра, таткото Коста почина, а сопругата Јована со малата ќеркичка, лежи во болница со тешки повреди.До несреќата дошло кога 55-годишниот маж од Загреб со својата „шкода суперб“, од засега неутврдени причини преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со маж кој управувал „фиат стило“.
– Несреќниот човек почина на лице место, а неговата фамилија, како и возачот на шкодата се тешко повредени. Очевидците на несреќата слушнале врисоци и плач на дечињата, кои се наоѓале на задното седиште на автомобилот, па веднаш притрчале во помош, наведува извор близок на истрагата за српски Курир.
– Лекарите не можеа да дојдат до повредените, па на помош ги повикаа пожарникарите. Кога стигнаа пожарникарите, затекнаа страшна глетка. Автомобилоте беа целосно уништени и смачкани, раскажува соговорникот на српски Курир.
За ужасната глетка говори и податокот што пожарникарите неколку часа ги извлекувале повредените од автомобилите.
– Децата беа заглавени, вистинско чудо е што преживеаа, а сопругата седела на совозачкото седиште, покрај починатиот Коста. Вијадуктот Роговиќи беше затворен за сообраќај повеќе од пет часа, вели изворот.До несреќата дошло кога 55-годишниот маж од Загреб со својата „шкода суперб“, од засега неутврдени причини преминал на спротивната коло