Некои девојки едвај чекаат лето за гордо да се прошетаат во костум за капење, а меѓу нив е и Лесли Милер (21), која со години го чекала тој момент.Немала храброст поради вишокот на килограми да се појави во такво издание. Сѐ до неодамна.
Лесли ги победила вишокот на килограмите и конечно облекла костим за капење, па се фотографирала и позирала како модел. Сликата ја објавила на Интернет.
„18 години од животот ги минав чекајќи, телото го покривав и го криев од погледите на луѓето. Еден ден си реков на себе дека конечно ќе дозволам да ме видат, да ги направам работите кои отсекогаш сакав да ги направам кога ќе дојдам до оној задоволителен изглед. Кога ќе бидам доволно слаба, доволно среќна, доволно сигурна во себе. Кога телото би ми изгледало онакво какво што треба да биде. Со сопственото тело се борев целиот живот, цело време се срамев и бев повлечена. Кога имав три години, врсниците ме прашуваа зошто сум толку поголема од нив, зошто не носам иста облека како нивната. Кога имав седум години, ја лажев жената од програмата за слабеење, очајнички дека сакам да одам на состаноците со средовечните жени кои се обидуваат да ги изгубат килограмите. Минав 18 години чекајќи, но повеќе нема“, напишала Лесли Милер чија фотографија за еден ден добила 300.000 лајкови..
Девојката, која од деветгодишна возраст била во камп за слабеење, која на свои 11 години имала операција за стеснување на желудник, која на 15 години почнала да се мрази себеси и да си нанесува болка, која на 20 години успеала за само девет месеци да се ослободи од половина килограми, воодушеви илјадници луѓе на Интернет.
Немала храброст поради вишокот на килограми да се појави во такво издание. Сѐ до неодамна.
Лесли ги победила вишокот на килограмите и конеч