Прв пловен град сред море: Ниту една Влада нема да му може ништо

Град сред море со куќи, канцеларии и ресторани наскоро би можел да стане реалност. Амбициозните планови врзани за овој проект наскоро почнуваат да се реализираат пренесува Индепендент.Идејата за изградба на самоодржливи, автономни градови во меѓународните води е чекор поблиску до реализација.

Пилот проектот кој почна да се спроведува во Француска Полинезија ќе биде прва „пловна заедница“ и се планира да биде готов до 2020 година. Овој град ќе може да прими 300 жители.

Џо Квирк, претседателот на Институтот Систадинг, во неодамнешното интервју говореше за своите планови за градови на океан кои ќе бидат ослободени од ограничувањата на светските влади.

-Ако би можеле да имате пловен град, тоа веќе би била држава во правење, кажа Квирк, истакнувајќи ја својата разочараност од моменталните влади кои не стануваат подобри, туку се заглавени во минатото.
Тој на својот проект гледа како на начин преку кој би се избегнал овој систем.
Засега се спремни да соработуваат со постоечките влади како би можеле да направат „полуавтономна пловечка Венеција во рајот“.
Овој пловен град ќе биде сместен во „посебна економска зона“, овозможувајќи им на институтите да реализираат некои од своите идеи во релативно контролирана област.
Инженерите и архитектите ја посетиле локацијата во која ќе започне овој проект, кој ќе чини 167 милиони долари, пишува Индепендент.
Тимот склопил договор со државата да креира „единствен управувачки систем“ во парчето окен каде ќе започне овој проект.
Господинот Квирк за оваа идеја прв пат се заинтересирал во текот на фестивалот „Burning Man“ во Невада во 2011 година.
Оваа манифестација му дала идеја за друштво кое не верува во системот, чие процветување сака да го види на бреговите, пренесува Индепендент.
Ако се ова според планот, почетокот на работите се предвидува за 2018 година.
-До 2050 година сакам да видам пловечки градови, над илјада такви, се надевам, истакнува Квирк.
Погледнете го видеото:
 
Идејата за изградба на самоодржливи, автономни градови во меѓународните води е чекор поблиску до реализација.

Пронајдете не на следниве мрежи: