Прва меѓународна конференција на Сеславјански Комитет, Охрид 23 -27 мај

Под името “ТАЈНИ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ”, во Охрид, од 23ти до 27ми мај, 2016та, ќе се одржи Сесловенска меѓународна научна коференција на славјанската писменост, во организација на Сеславјански Комитет, а во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин”, Свети Николе. Покровител на Сесловенската меѓународна конференција 2016та, е Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов.Посветена на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24ти мај, а во чест на одбележување на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, еден од основоположниците на словенската писменост, Сесловенскиот Комитет за прв пат одржува меѓународна конференција во Македонија, во Охрид – градот светилиште на словенската писменост и духовност.
На конференцијата, како предавачи ќе земат учество професори по славистика и Богословија од Русија, Украина, Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и Македонија – како земја домаќин.
Покрај главната тема која е носител на името на оваа мегународната конференција – Тајни на словенската писменост, во рамките на конференцијата ќе се одржи седница на Сесловенскиот Комитет.
Сесловенскиот Комитет е меѓународна невладина организација, член на Сесловенскиот Сојуз – светско движење на славјанските народи за духовно единство и взаемност. Основана е во 2011та година со седиште во Република Чешка. Претседател на Сесловенскиот Комитет е проф. д-р. Зденек Опатрил, кој е воедно и заменик-претседател на Сеславјанската асоцијација и почесен претседател на Чешко-моравската словенската унија.
“За нас е од исклучително значење што оваа конференција ќе ја одржиме во светата земја на словенската писменост и духовност”, рече на пристигнувањето во Охрид престедателот на Сесловенскиот Комитет, д-р Зденек Опатрил, додавајќи”. Морам да споделам дека со посебна чест и возбуда стапнуваме на оваа земја на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и Свети Климент. Како славјански народи имаме обврска кон нив и кон идните генерации да ги чуваме и негуваме спецификите и богатствата на славјанската култура, а тука е пред се писменоста и духовноста. Овие денови не чека многу работа и сите се радуваме на сознанијата што ќе ги споделиме, а кои од научните кругови ќе ги збогатат и сознанијата на јавноста.
 Посветена на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24ти мај, а во чест на одбележување на 1100 години од упокојувањето на Свети

Пронајдете не на следниве мрежи: