За првпат во Македонија се организира конференција за вмрежување на компаниите од лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи. Конференцијата насловена како Macedonia Manufacturing Expo ќе се одржи на 15 -ти септември 2016 година, во хотел Александар Палас.„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток на некаква соработка. Нашите производи се пред се наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички, отколку секој поединечно”, објаснува Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Aсоцијација на метална и електро индустрија.
На конференцијата покрај директните деловни средби помеѓу домашни и странски купувачи ќе се зборува за трендовите и новите технологии во индустријата.
“За нас е особено важно да ги следиме сите релевантни европски и светски трендови во областа на лесната индустрија, како иновациите, новите технологии, новите играчи на пазарите. Крајната цел е македонските компании да станат дел од глобалниот снабдувачки ланец на реномираните странски компании. Оваа конференција, покрај тоа што ќе им овозможи на присутните компании да се информираат за последните случувања во индустријата, главниот фокус го има во бизнис средбите помеѓу домашните производители, претставници од домашните странски инвеститори и странските компании присутни на истата, додава Наумовска Грнарова.
Еднодневната конференција е организирана од Асоцијација на метална и електро индустрија – МАМЕИ и Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ-АСИПИРМ со поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија преку Проектот за експанзија на мали бизниси.
„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток