Прва МК конференција: Предизвици на транзицијата на семејните бизниси

На 24 јуни 2015 од 09:00 до 17:00 часот во бизнис салата на Скопски саем ќе се одржи првата македонска конференција под наслов „Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“ во организација на ClearView бизнис тренинг центарот.Предводени од статистиката дека 70% од семејните бизниси пропаѓаат после првата генерација на сопственици, Clear View ја организира првата македонска конференција за предизвици на транзицијата на семејните бизниси каде ќе се разговара за тоа како да се наследи и како да се направи транзиција на бизнисот, професионален менаџмент во семејна компанија и што кога има повеќе сопственици.
Темите разработени на конференцијата ќе одговорат на следните прашања:
– Како една компанија која започнала како семејна може да прерасне во милионски бизнис?
– На кого ќе ја оставите компанијата која ја градевте со години и во која поминавте сериозен дел од животот? Како се избира наследник? Дали наследници треба да бидат Вашите деца?
– Сакате да одите во пензија, но пред тоа сакате да ја продадете компанијата. Имате уште 20 години пензија, од што ќе живеете? Како да процените колку вреди Вашата компанија пред да ја продадете?
На конференцијата посетителите ќе научат за: 4 чекори со кои се подготвува компанијата за следниот менаџер. Како детето треба да ја наследи компанијата и од кој чекор треба да почне, како се прави проценка на вредноста на компанијата и кои се трите замки кои треба да се избегнат при партнерски односи во компанијата.
На панел дискусиите кои ќе се одржат во рамки на конференцијата, ќе можат да се слушнат еминентни претставници од бизнис заедницата кои ќе дискутираат на темите. Учесници се: проф. д-р Кочо Анѓушев од Брако, д-р Емил Угриновски од Неуромедика, г-дин Даниел Воиновски од Еуроимпекс, г-дин Владимир Зоговиќ од Deloitte Maкедонија, г-а Валентина Тасева од Семос Едукација, г-а Драгана Чифлиганец од Адора Инженеринг, г-дин Петар Лазаров од Македонија Експорт, г-дин Робин Зимбаков од Солопром…
На конференцијата како гости ќе бидат присутни: основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси.
Спонзори и покровители на настанот се: Стопанска Банка, Осигурување Македонија, Семос, Македокомерц, Камник, АБВ, off.net, Капитал, City Радио, Club fm радио и Попе Компани.Предводени од статистиката дека 70% од семејните бизниси пропаѓаат после првата генерација на сопственици, Clear View ја организира првата македонс

Пронајдете не на следниве мрежи: